Европа
(Видео) Наредба за итна евакуација во неколку градови во Холандија по страшните поплави во Германија
По страшните поплави што ги погодија Германија и Белгија, илјадници луѓе на југот на Холандија беа известени за итна евакуација за да ги избегнат поплавите бидејќи нивото на водата во реките е на многу високо ниво и постои опасност да се излее од коритата на реките.
Неколку градови и села покрај реката Меуз во провинцијата Лимбург се известени и бараат локалното население да најде засолниште до утре попладне бидејќи има големи шанси нивните домови да бидат поплавени во наредните часови.
Висината на водата во реките Меуз и Рур денес достигна рекордни нивоа и ја надмина висината што доведе до големи поплави во 1993 и 1995 година.
Во Валкенбург, јужно од Лимбург, недалеку од границата со Белгија и Германија, поројот веќе го погоди центарот на градот поради што беа евакуирани неколку домови за стари лица. Најмалку еден мост беше срушен. Неколку куќи беа поплавени во таа провинцијам а стотици војници беа испратени да помогнат во борбата против надојдените води.
Досега нема пријавено жртви и ситуацијата е помалку опасна отколку во соседна Германија, каде што загинаа десетици луѓе, а повеќе се водат за исчезнати, пренесуваат тамошните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.
Европа
12-годишно момче избодено до смрт во Британија, уапсен 14-годишник
Момче (12) починало откако било избодено со нож во Бирмингем, а 14-годишник е уапсен под сомнение за убиство, јавува „Скај Њуз“.
Британската полиција побара од јавноста какви било информации поврзани со смртта на 12-годишното момче, кое беше пронајдено со тешки повреди вчера околу 15 часот во близина на Скриберс Лејн во југоисточниот град Хол Грин.
Момчето било пренесено во болница, но починало од повредите. Семејството на жртвата е известено и е поддржано од специјалисти, велат од полицијата. Истрагата е во тек, а полицијата отвори портал на кој граѓаните доколку знаат нешто можат да ги контактираат.
Европа
Шолц и Макрон се среќаваат по враќањето на Трамп во Белата куќа
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.