Европа
(Видео) Не му приоѓајте, опасен е: водата во Австралија исфрли мистериозен предмет

Мистериозен предмет се појави на плажа во Западна Австралија, кој се уште не е идентификуван. Полицијата апелираше до граѓаните да не му приоѓаат.
Големиот метален предмет го пронашле трагачи на плажата „Грин Хед“.
A giant mysterious metal cylinder has left locals stumped after the debris appeared suddenly on the shoreline of WA's Midwest.
The huge metal object was found on a beach near Green Head on Sunday, with local residents reporting the suspicious item to police.
The item is… pic.twitter.com/XzUhAGznna
— 10 News First Perth (@10NewsFirstPER) July 17, 2023
Полицијата го третира како опасен, а луѓето засега се повикани да не му приоѓаат. Според мештаните, предметот е широк околу два и пол метри, додека долг меѓу два и пол и три метри.
Според Џефри Томас, експерт за воздухопловство, наводно станува збор за резервоар за гориво од ракета што паднала во Индискиот Океан претходната година. Од друга страна, австралиската вселенска агенција наведува дека овој „резервоар“ наводно можел да падне од вселенска ракета и дека се работи за меѓународна вселенска агенција.
Имаше тврдења врз основа на неофицијални информации дека наводно е дел од авионот „MH470“ кој исчезна во 2014 година со 239 патници во близина на брегот на Западна Австралија. Томас ги отфрла ваквите обвинувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин