Европа
(Видео) Откако нападна продавачки, сопругата на белгискиот амбасадор во Јужна Кореја остана без имунитет
Белгија го повлече својот амбасадор во Јужна Кореја откако неговата сопруга нападна две продавачки во продавница во Сеул.
Белгиската амбасада соопшти дека министерот за надворешни работи Софи Вилмс одлучил дека е во најдобар интерес на билатералните односи да се заврши мандатот на амбасадорот Петер Лескуиер, кој служеше како амбасадор во Сеул во последните три години.
„Иако тој посветено ѝ служеше на својата земја, сегашната ситуација не му дозволува да ја извршува работата непречено “, соопшти денеска амбасадата.
Белгиската влада исто така го укина дипломатскиот имунитет на сопругата на Лескуиер, со цел јужнокорејската полиција да го испита инцидентот.
Сепак, јужнокорејското Министерство за надворешни работи изјави дека имунитетот е укинат само делумно и дека сопругата сè уште има заштита од кривична постапка или казна.
Лескуиер се извини во име на неговата сопруга. Тој рече дека каква било форма на физичко насилство е неприфатлива, и покрај тоа што таа можеби имала причина да се лути за начинот на кој се однесувале во продавницата.
Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како неговата сопруга се судира со двајца вработени во продавница за облека откако едниот ја запрел верувајќи дека можеби ја украла јакната што ја носела.
Вработената, која сакаше да остане анонимна, за Си-ен-ен изјавила дека не разбира што зборува жената и дека се обидела да ја види етикетата на нејзината јакна. Ја запрела сопругата на амбасадорот надвор од продавницата и кога видела дека јакната не е украдена од продавницата, се извинила на англиски јазик и се вратила внатре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

