Европа
(Видео) По пожарите, Турција погодена од поплави

Обилните дождови што ја погодија провинцијата Бартин во северна Турција предизвикаа поплави во некои области, поројот носеше возила, а поплавени беа и многу деловни и станбени згради.
Поради дождот, кој почна во вторникот вечерта, патот се урна, а две лица беа заробени во возило погодено од водата, додека 20 лица, кои беа во поплавените куќи, беа спасени.
Слична беше состојбата и со селаните во Зафер кога се излеа реката. Поплавени се неколку возила и згради во кои биле заробени локалните жители.
Во поплавените подрачја се испратени противпожарни екипи, полиција и медицински екипи, пренесуваат медиумите.
Поплави и свлечишта погодија и село во Улус. Таму една повозрасна жена била заробена во својата куќа, која се урнала од надојдената вода.
Во округот Улус има голем број урнати мостови, патишта и куќи поради што материјалната штета е голема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Зеленски: Украина и САД работат на склучување економски договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна во петокот дека официјални лица од неговата земја и САД работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот.
Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на минералите, велејќи дека тоа е „не сериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.
Today, Ukrainian and U.S. teams are working on a draft agreement between our governments. This agreement can add value to our relations—what matters most is getting the details right to ensure it truly works.
I look forward to a just results. pic.twitter.com/o9jbiiiJTq
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 21, 2025
„Денес тимови од Украина и САД работат на нацрт-договор меѓу нашите влади“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака.
„Овој договор има потенцијал да ги зајакне нашите односи и, што е најважно, деталите мора да се договорат на таков начин што ќе се осигура дека ќе биде ефективен. Се надевам на исход, фер исход“.
Зеленски ги даде забелешките по разговорот меѓу началникот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц.
Европа
Нападнатиот во Берлин е шпански турист, тој е стабилен: напаѓачот е уапсен

Мажот повреден во нападот со нож кај Меморијалот на холокаустот во Берлин е 30-годишен турист од Шпанија, соопшти вчера германската полиција.
Тој е пренесен во болница со тешки, но не опасни по живот повреди. Мажот е во стабилна состојба, изјави претходно портпаролката на полицијата.
Полицијата три часа по пријавата го уапсила осомничениот.
Уапсениот имал „крв на рацете“, изјави портпаролот на полицијата Флоријан Нат. „Тоа е веројатно осомничениот кој го нападна Шпанецот овде кај Меморијалот“, додаде тој.
Нападот се случил околу 18 часот. Не е пронајдено оружје, но најверојатно се работи за нож, додаде полицијата.
„Апсолутно немаме идеја кој мотивот за нападот“, нагласи Флоријан Нат.
Жртвата се здобила со „неколку убодни рани во горниот дел од телото“, објасни тој. Мажот е пренесен во болница, опериран е и е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Европа
Итен состанок на министрите за одбрана на ЕУ поради Украина, дознава Блумберг

Франција и Естонија свикаа итен состанок на министрите за одбрана на Европската унија в понеделник, 24 февруари, за да разговараат за начините за зајакнување на воената поддршка за Украина, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори.
Според изворите, на состанокот преку видео-конференција ќе учествуваат десетина министри за одбрана на Европската унија, вклучително и оние од Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО.
Како што пренесува Укринформ, Украина се подготвува да организира состанок на лидерите на земјите-партнери во Киев на 24 февруари, на кој ќе се разговара за мирот, безбедносните гаранции и иднината на колективната одбрана. Тој ден во Брисел ќе се одржи и состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, а војната во Украина ќе биде прва точка на дневниот ред, велат оттаму.
На 24 февруари се одбележува третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија на Украина.