Европа
Во арсеналот запленет во Шпанија и противвоздушно оружје
Шпанската полиција пребројала повеќе од 10.000 парчиња различни видови оружја, меѓу кои гранати и противввоздушни тешки митралези, наменето за организираниот криминал и терористите, коешто беше запленето во првата седмица од јануари годинава на северот од земјата, објави во вторникот полицијата.
Од шпанското министерство за внатрешни работи објавија дека заплената е поврзана со истрагата за нападот врз Еврејскиот музеј во белгиската престолнина Брисел во кој на 24-ти мај 2014 година беа убиени четири лица. Атентатот го изврши францускиот државјанин од алжирско потекло Мехди Немуш, кој беше уапсен неколку дена подоцна во Марсеј.
За правење на пописот на целото запленето оружје биле потребни повеќе седмици, се истакнува во соопштението.
Оружје, наменето за продажба на терористи и организирани криминални организации беше првично проценето на илегалниот пазар на 10 милиони евра, и притоа се запленети 10.000 до 12.000 парчиња оружје, вклучително и проектили со кои може да се собори авион, соопшти претходно шпанската Национална гарда.
Тогаш во Шпанија беа уапсени пет лица, припадници на злосторничка организација, кои се занимавале со продажба на оружје на црниот пазар на криминални организации, вклучително и на терористички. Сите уапсени, четворица мажи и една жена, се Шпанци по националност. Тие купувале старо оружје кое го ремонтирале, но и ново, и го продавале на илегалниот пазар.
Апсењата беа спроведени во шпанските региони Олоте (Жирона, Каталонија), Лиендо (Кантабрија), Галдекано и Гечо (Бискаја, Баскија). Покрај тоа, откриени се и работилници каде што криминалната група го поправала старото оружје и го подготвувала за продажба.
Полицијата прецизираше дека се заплените меѓу 10.000 и 12.000 единици различно оружје, меѓу нив и автоматски пушки „CETME“, автомати „Beretta“, пиштоли „Astra“ и „Star“, тешки митралези и други видови оружје. Дел од оружје било во исправна состојба. Покрај тоа, биле најдени и расклопени делови од различни видови оружја и запленети 80.000 евра во готовина. Сега беше прецизирано дека станува збор за 9.000 пуши, околу 400 гранати и бомби, револвери и пиштоли, како и инструменти за фалсификување на сериските броеви на оружјата и пропратната документација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

