Европа
Во Словачка кавги во владејачката коалиција околу руската вакцина

Кавги во владејачката коалиција во Словачка откако премиерот Игор Матовиќ ги заобиколи коалициските партнери и испрати авион по руската вакцина против Ковид-19, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Според нив, владејачката коалиција честопати се судира во пристапот за сузбивање со пандемијата од Ковид-19, а Матовиќ, како што пишуваат, ја донел одлуката и покрај барањата од коалициските партнери да не ја користат руската вакцина сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Словачка е втора земја членка на Европската Унија, по Унгарија, што ја купува руската вакцина „спутник В“.
Политичкиот партнер во коалицијата, партијата „За народот“, вчера се закани дека ќе ја напушти владата поради ова прашање, додека, пак, партијата „Слобода и солидарност “ повика на преструктуирање на кабинетот формиран по изборите пред една година, пренесуваат агенциите во Словачка.
„За време на викендот, воен авион беше испратен во Москва да донесе 200.000 дози од вакцината ‘спутник В’, прва пратка од вкупно два милиона“, рече Матовиќ.
Тој својата одлука за купување на руската вакцина ја бранеше и преку социјалните мрежи.
„Нашите партнери го користеа ‘спутник В’ како најтешкото оружје за да ја растурат сопствената влада“, рече тој.
Министерот за надворешни работи Иван Корчок изјави дека набавката на руската вакцина ја доведува во прашање позицијата на земјата на меѓународната сцена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новите дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите.
Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Потоа американската страна ќе биде заменета со руската страна, а турската, руската и украинската делегација ќе одржат разговори во 11:30 часот по европско време, велат изворите, пренесува Ројтерс.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, имаа долги разговори.
Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, објави АФП.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема напредок кон мир без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.
Европа
(Видео) Шпанскиот премиер: Израел е геноцидна држава

Шпанскиот премиер Педро Санчез го нарече Израел „геноцидна држава“ во парламентот во среда и рече дека Шпанија „не соработува со таква земја“, што е неговата најостра изјава досега за војната во Газа.
„Сакам да разјаснам, господине Руфијан: ние не работиме со геноцидна држава, ние не соработуваме“, рече Санчез за време на неодамнешната утринска седница во шпанскиот парламент, одговарајќи на пратеникот Габриел Руфијан, кој го обвини дека одржува трговски односи со Израел и покрај војната во Газа.
Spanish Prime Minister Pedro Sánchez calls Israel a ‘genocidal state’ in Parliament today.
He also stated that the Spanish government will NOT trade with Israel. pic.twitter.com/OeE03wznut
— Leyla Hamed (@leylahamed) May 14, 2025
Санчез истакна дека претходно го објаснил својот став и додаде: „Мислам дека јасно објаснив од оваа говорница пред некој ден за што зборуваме кога се изнесуваат тврдења што не одговараат на вистината“.
Локалните медиуми објавија дека ова е првпат Санчез јавно да го употреби терминот „геноцидна држава“, термин што често го користи крајнолевичарскиот коалициски партнер во неговата влада, Сумар.
Израелското Министерство за надворешни работи веднаш реагираше и ја повика шпанската амбасадорка во Израел, Ана Саломон, на разговори.
„Поради тешките изјави дадени од шпанскиот премиер Педро Санчез, шпанскиот амбасадор во Израел е повикан утре во Министерството за надворешни работи во Ерусалим на разговори“, се вели во соопштението на израелското министерство.
Европа
Експлозии во Киев

Експлозии се слушнале во Киев за време на рускиот напад со беспилотни летала врз главниот град во раните утрински часови денес.
„Експлозии во главниот град. Противвоздушната одбрана работи. Останете во засолништа!“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во 5:38 часот наутро по локално време.