Европа
Германија ќе затвори четири од петте руски генерални конзулати
Берлин најави затворање четири од петте руски конзулати во Германија и на три свои во Русија, пренесува „РИА новости“
„Само руската амбасада во Берлин и еден од петте руски конзулати во Германија ќе продолжат да работат“, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Кристофер Бургер.
Бургер објасни дека оваа мерка е реакција на барањето од Москва според кое Германија треба да го намали бројот на вработени во својата дипломатска мисија на 350 лица. На дипломатите ќе им биде дадено рок до крајот на годината да ги намалат активностите.
Според новите мерки, Германија ќе ги затвори своите конзулати во Калининград, Новосибирск и Екатеринбург, а отворени ќе останат само конзулатите во Москва и Санкт Петербург.
„Руското Министерство за надворешни работи ќе даде изјава по ова прашање“, изјави за „РИА новости“ портпаролката на Министерството, Марија Захарова.
На крајот на април Берлин прогласи повеќе од 20 руски дипломати за персона нон грата. Москва на ова одговори со реципроцитетно протерување вработени од германската амбасада, а побара и да се ограничи максималниот број вработени во германските институции во Русија.
Потегот на Берлин претставува нагло намалување на билатералните врски со Русија во услови на поширок колапс во односите по руската инвазија на Украина минатата година.
Германското Министерство за надворешни работи ја обвини Москва за ескалација на тензиите со ограничувањето на бројот на службеници на кои им е дозволено да работат во Русија.
„Оваа неоправдана одлука ја принудува германската федерална влада значително да го намали своето присуство во Русија во сите области“, рече портпаролот на Министерството.
Односите меѓу Русија и Германија, која порано беше најголемиот купувач на руска нафта и гас, се влошија по руската инвазијата во февруари 2022 година, на која Западот одговори со санкции и со снабдување на Украина со оружје.
Германија планира повлече голем број вработени што работат во нејзините мисии во Русија откако Москва воведе ограничувања на бројот странски работници вклучувајќи ги наставниците и вработените во Институтот „Гете“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.