Европа
Германскиот канцелар Шолц под истрага
Германскиот канцелар Олаф Шолц е цел на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.
На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.
Германскиот канцелар е обвинет дека ѝ помогнал на Варбур банка да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.
Обвинителството наредило да се претресат неговите имејлови што ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.
Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми.
Истражните органи ги пребарале сите имејлови од 1 јануари 2015 година како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи што биле проследени до истражниот комитет.
Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“.
Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до хамбуршката Варбург банка.
Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите.
Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.
Портпаролот на германската влада, Штефен Хебестрајт, изјави дека не знаел оти дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.
Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра.
Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците што ги платиле само еднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845
Европа
(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна
Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.
Night-time strikes were reported in Belgorod, Russia. Russian channels say the Luch thermal power plant was hit in a missile attack. Unconfirmed reports suggest HIMARS was used – something seen relatively rarely. pic.twitter.com/m6FVEx261w
— WarTranslated (@wartranslated) December 14, 2025
Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.
❗️According to local reports, a missile strike hit the "Luch" substation in 🇷🇺Belgorod. The city is experiencing power outages. pic.twitter.com/PRq6at8B6T
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.
Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

