Контакт

Европа

Германскиот Уставен суд одби да ја забрани неонацистичката NPD

Објавено пред

Уставниот суд на Германија донесе го одби во вторникот барањето на горниот дом на парламентот Буднесратот за забрана на радикалната десница Национал-демократската партија на Германија (NPD), образложувајќи ја одлуката со тоа дека таа не претставува никаква опасност за демократијата, имајќи го предвид нејзиното крајно периферно место коешто го зазема на германската политичка сцена.

dobivaj vesti na viber

„NPD со своите 6.000 членови, вистина, се стреми на цели кои се противни на уставниот поредок, но не постојат индиции за тоа дека оваа партија во своите намери би можела а има успех. Поради тоа, мерката за забрана на една политичка партија, што е најстрогото оружје но истовремено и меч со две сечила, не е оправдана“, изјави претседателот на Уставниот суд на Германија, чие седиште е во Карслруе, Андреас Фоскуле.во образложението на одбивањето.

Судиите на Уставниот суд, кои одлуката ја донеле едногласно, натаму образложуваат дека NPD во петте децении од своето постоење не успеала да се етаблира, ниту во еден покраински парламент и дека со својата периферна појава не може да ја загрози демократијата, што беше еден од главните аргументи на Бундестратот кој го поднесе барањето за забрана на партијата.

Уставниот суд заклучил дека NPD навистина е „блиска на сфаќањата на националсоцијализмот“, но дека не е во состојба да ја загрози демократијата, како и дека ништо не укажува на тоа дека ситуацијата околу NPD би можела да се промени, односно дека оваа партија би можела да излезе од својата улога на политички аутсајдер.

Истовремено Уставниот суд заклучува дека партијата не е сосема безопасна. „Политичкиот концепт на NPD е неспоив со достоинството на граѓаните и демократските начела и партијата без дилеми тежнее на отстранување на слободниот демократски поредок, а низ криминалното и насилничко однесување на своите членови, партијата може и натаму создаваат проблеми“, се наведува уште во образложението на пресудата.

Уставниот суд по вторпат ја одби забраната екстремно десната NPD. Првиот пат тоа беше во 2003 година барањето за забрана го поднесе германската влада, а постапката тогаш пропадна поради процедурална причина, и тоа поради тоа што некои од доказите кои требаа да водат до забраната на партијата директно доаѓале од полициски доушник кој Бирото за заштита на уставниот поредок го инфилтрирал во партијата.

На пресудата на Уставниот суд во вторникот од NPD преку Twitter реагираа со само еден збор „Sieg“ (Победа) и подоцна оценија дека Бундестратот доживеал голем неуспех.

Претставниците на сојузните покраини, кои го сочинуваат Бундестратот и преку него го поднесоа барањето за забрана, изразија разочарување од пресудата, но истовремено изразија и задоволство од тоа што NPD јасно е карактеризирана како партија којашто се противи на демократскиот поредок.

„Уставниот суд го потврди дека политичкиот концепт на NPD се стреми на отстранување на постојниот слободен и демократскиот поредок. И тоа е добар сигнал“, изјави премиерот на сојузната покраина Баварија, Хорст Зехофер.

Партиите Левица и Зелените пресудата ја доживуваат како јасно предупредување за партиите кои му се противат на уставниот поредок, и истовремено повикуваат на зајакната борба против десниот екстремизмот.

Светскиот еврејски конгрес е разочаран од одбивањето на забраната за NPD. „Оваа пресуда, за жал, на NPD ѝ овозможува продолжување на нивните деструктивни и антидемократски активности и натамошно ширење на националистичките, антисемитски и расистички подбуцнувачки иди“, изјави неговиот челник Роналд Стешаф Лаудер.

Со разочарување реагираше и Синдикатот на полицајците кој укажува дека на собирите на NPD, особено на истокот од земјата, поврзани со огромното присуството. /крај/мф/сн

Европа

Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.

Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.

Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.

„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Објавено пред

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.

dobivaj vesti na viber

„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.

Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.

Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.

„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.

„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.

„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи

Објавено пред

Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.

dobivaj vesti na viber

Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.

Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.

131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од ​​кои многумина тинејџери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....

Македонија6 часа

Грипот стивнува, намалени бројките на новозаболени, но остануваат препораките за маска во простории со многу лица

Институтот за јавно здравје и оваа недела пријави помал број новозаболени од грип и заболувања слични на грип. Директорката Марија...

Македонија7 часа

Брисел ги прифати барањата, возачите се признаени како професионалци, го решаваме проблемот со превозниците, објави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што вели, „одлични вести“ во...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада мора да остане, не се созреани условите за укинување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека техничката влада мора да остане затоа што не се созреани условите за нејзино...

Македонија8 часа

Бислимоски и РКЕ очекуваат расчистување на случајот со „Тритерол Петрол“: Постапено е согласно закон

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени...

Топ8 часа

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантираните права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваме со блокади од субјективни причини

На денешната собраниска седница за пратенички прашања премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Скендер Реџепи околу уставните...

Македонија8 часа

Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано...

Македонија11 часа

Зголемена опасност од лавини на Шар Планина: Националниот парк со предупредување, посетителите да постапуваат претпазливо

Националниот парк Шар Планина информира дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите...

Македонија11 часа

Стефковски: Општина Гази Баба треба да врати 127 милиони денари за Скопски саем

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски се обрати до граѓаните, а по повод пресудата на Апелациониот суд во Скопје...

Македонија11 часа

АХВ доби поддршка: Изградбата на гробишта за домашни миленици претставува решавање на деценискиот проблем

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со...

Македонија12 часа

Злоупотреби во Прилепската болница: меѓу обвинетите за проневера и поранешната директорка

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера...

Топ13 часа

Кривична пријава за „даночно затајување“ против фирма од Струмица и двајца управители

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица, В.Ј. (35) и С.П. (44),...

Македонија13 часа

Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ...

Свет14 часа

Америка сериозно размислува за напади врз Иран, има неколку опции, објави Ројтерс

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат целни напади врз безбедносните сили и нивните водачи за поттикнување...

Свет15 часа

(Видео) Агентите на Служба за имиграција добија нови инструкции по смртта на двајца Американци: „Избегнувајте контакт“

Агентите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во среда добија нови инструкции да избегнуваат контакт со „агитатори“ додека...

Свет15 часа

(Видео) Откриено каква течност е употребена за напад врз американската конгресменка

Еден маж е уапсен откако ја испрскал американската конгресменка Илхан Омар со течност за која подоцна се утврдило дека е...

Европа15 часа

Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно. „Пристапувањето на...

Свет15 часа

Индија ги намалува царините за увоз за европски луксузни автомобили

Индија веднаш ќе ги намали царините за луксузни европски автомобили од 110 проценти на 30 проценти според новиот трговски договор...

Македонија15 часа

Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила

Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила. Како што известуваат...

Македонија1 ден

(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец

Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити...