Европа
Германските експерти: Нема ризик ако втората доза вакцина е од друг производител
Германскиот советодавен одбор не гледа никакви ризици доколку на млади луѓе што ја примија првата доза од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 им се даде втора доза од алтернативен производител, соопштија денес двајца нејзини членови.
„Од имунолошка перспектива, никој не очекува дека ќе биде полошо доколку следната доза вакцина е од друг производител“, рече Маријана Ребле-Метју, член на постојаниот комитет за вакцинација.
„Ако втората доза се покаже како неефикасна, третата може да биде ефективна“, рече Ребле Метју.
Нејзиниот колега Кристијан Богдан рече дека не видел доказ што ги поврзува другите вакцини со ретки нарушувања на коагулацијата на крвта.
Германскиот комитет минатата недела препорача луѓето под 60-годишна возраст, кои примиле една доза од вакцината на „Астра зенека“, да добијат друга доза од друга вакцина по извештаите за ретки несакани ефекти на згрутчување на крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Фицо: Размислуваме за возвратни мерки доколку Украина го запре протокот на руски гас
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, рече дека земјата ќе размисли за реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервната испорака на електрична енергија по 1 јануари, доколку Киев го запре транзитот на руски гас за Словачка, според очекувањата.
Словачка се обидува да го задржи рускиот гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва кој истекува на крајот на годината.
Фицо тврди дека алтернативните рути нагло ќе ги зголемат трошоците и ќе ги погодат словачките транзитни операции, предизвикувајќи загуба од 500 милиони евра во такси. Во денешната видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо го повтори своето мислење дека прекинот на гас преку Украина ќе има негативно влијание врз Европската унија и нејзината конкурентност.
Тој ги наведе проценките дека трошоците за Унијата би можеле да достигнат 120 милијарди евра во периодот од 2025 до 2026 година поради повисоките цени на гасот и производството на електрична енергија. Тој ја препиша вината на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого имаше јавна полемика минатата недела.
„По 1 јануари ќе ја процениме ситуацијата и можностите за реципрочни мерки против Украина. Доколку стане неизбежно, ќе го прекинеме снабдувањето со електрична енергија на Украина“, рече Фицо во видеото.
Украина објави дека од 1 јануари ќе го запре протокот на руски гас низ нејзината територија. Словачка тврди дека овој потег нема да влијае на потребите на нејзините потрошувачи поради капацитетот за складирање, додека главниот купувач на гас во земјата, компанијата „СПП“, има договори за купување гас од извори надвор од Русија.
Европа
(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус
Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.
Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.
Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.