Европа
Германците под 60 години што примиле „астра зенека“ втората доза ќе ја добијат од друга вакцина
Граѓаните на Германија под 60 години вакцинирани против Ковид-19 со првата доза на „Астра зенека“, ќе добијат вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“ во втората доза, одлучија сојузните и регионалните министерства за здравство.
На 30 март Германија донесе одлука за ограничување на употребата на вакцината на „Астра зенека“ за лица помлади од 60 години како резултат на ретките случаи на тромбоза забележани во Европа.
„Ова решение нуди добра заштита“, рече министерот за здравство на Баварија, Клаус Холецчек.
Министрите ја следеа минатонеделната препорака на Постојаниот комитет за вакцинација втората доза да се земе дванаесет недели по почетната доза на „Астра зенека“.
Германија како и некои други земји одлучи да ја ограничи употребата на вакцината на „Астра зенека“ кај постари лица бидејќи е забележана исклучително ретка тромбоза помеѓу 4. и 16. ден по вакцинирањето кај помлади луѓе.
Почнувајќи од 2 април, 42 случаја на церебрална венска тромбоза се пријавени по вакцинирањето со „астра зенека“. Во 35 случаи тоа биле жени на возраст од 20 до 63 години, а осум лица починале.
Според Министерството за здравство, околу 2,2 милиона граѓани на возраст под 60 години ја примиле својата прва вакцина од „Астра зенека“ во последните неколку недели.
И Франција, како и Германија, одлучи да ја замени втората доза на „астра зенека“.
Светската здравствена организација не даде препорака за промена на вакцината против Ковид-19 помеѓу двете дози поради недостиг на соодветни податоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.