Европа
Два крвави напада на Харков за 48 часа: вчера убиено 6-годишно момче, утрово во урнатините на станбена зграда пронајдено тело на дете
Едно дете загина, а најмалку 16 лица се повредени утринава во руските напади врз Харков, соопштија украинските власти.
Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, на „Телеграм“ напиша дека детето е пронајдено под урнатините на станбена зграда и им изрази сочувство на родителите и роднините, пренесува „Интерфакс Украина“.
Шефот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјавил дека загинало 10-годишно момче, пренесува „Унијан“.
„Под урнатините пронајдено е 10-годишно дете, момчето, за жал, починало. Според првичните информации, повредени се 16 лица, меѓу кои и едно 11-месечно дете.
„Спасувачите работат на местото на ударот и ги расчистуваат урнатините“, рече Синехубов.
Полицијата на Харковската област соопшти дека утринава во Харков биле регистрирани два погодока и дека, според првичните податоци, станува збор за руски ракети од типот „Искандер“.
Украинските медиуми јавија дека утринава се слушнале експлозии во Харков, а во моментот на првите извештаи за напади во областа немало предупредување за воздушен напад.
Во вчерашниот руски напад врз цивилни објекти во источна Украина загинаа најмалку 51 лице, меѓу кои и шестгодишно момче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.
Во четвртокот во раните попладневни часови, во селото Хроза, во областа Харков, беа погодени кафуле и продавница во време кога таму имало многу цивили. Седум лица се хоспитализирани по нападот.
Москва сè уште не ги коментира настаните во Хорза. Русија негира дека напаѓа цивилни цели во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.