Европа
Европската десница од конгресот во Кобленц најавува дека 2017-та ќе биде нејзина година
Претседателката на партијата од француската крајна десница Национален фронт, Марин Лепен, изјави во саботата на конгресот на десните партии во Европскиот парламент во германскиот град Кобленц, дека 2017-та ќе биде година на националните партија и истовремено ја обвини германската канцеларка Ангела Меркел дека со бегалската политика му наштетила на сопствениот народ.
„Минатата година анлгосаксонскиот свет со Брегзитот и изборот на Доналд Трамп ја започна борбата за сопствената слобода. Во 2017 година следат нациите од континентална Европа“, изјави Марин Лепен укажувајќи на важните избори кои годинава ќе се одржат во повеќе важни земји членки на Европската унија.
Парламентарните избори во Холандија ќе се одржа во средината на март, претседателските избори во Франција на крајот од април и почетокот на мај, како и парламентарните избори во Германија кон крајот на септември, а многу се можни и предвремени парламентарни избори во Италија, третата економија во еврозоната.
Лепен на собирот во организација на групата Европа на нациите и слободите во Европскиот парламент, која во 2015 година ја основаа партиите од крајната десница од девет земји членки, ја критикуваше Европската унија како „антидемократска творба“ којашто се бори против националните интереси на земјите членки.
Во својот говор пред пратениците но и водечките европски политичари од крајната десница како Холанѓанецот Геерт Бидлерс, Матео Алсвини од италијанската Северна лига и Фрауке Петри од Алтернатива за Германија, остро ја осуди политиката на германската канцеларка Ангела Меркел за нејзината политика на отворени граници за барателите на азил.
„Ангела Меркел против волјата на својот сопствен народ во земјата пушти стотици илјади мигранти, Тоа е целоно неодговорна политика“, заклучи Лепен која истовремено појасни дека доаѓањето на мигрантите и бегалците го поддржуваат големите концерни кои се надеваат на добивање евтина работна сила, но не и малите претприемачи и граѓаните чии работни места се загрозуваат.
Фрауке Петри ја критикуваше воопшто доселеничката политика којашто се води во рамите на Европската унија.
„Многу медиуми и политики проповедаат толеранција и атмосфера на добредојде. Притоа доселениците инсистираат на своите традиции од ерата пред модерното време и воопшто не го интересираат и не им е грижа за вредностите во нашето општество, предупреди Петри.
Таа се заложи за „нови импулси во Европа“, коишто ќе спречат„неконтролирана промена на структурата на населението“.
Истовремено со конгресот на десницата во Кобленц се одржуваат протести на левичарските движења. Нивните организатори тврдат дека во градот се собрале 3.000 демонстранти кои се залагаат за „повеќе толеранција“ и се „против расизмот“.
На остра критика во медиумите наиде и одлуката на организаторите на конгресот да им го забранат пристапот на новинарите од водечките германски медиуми, образложувајќи го тоа со нивното негативно третирање на овие партии./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

