Европа
Европскиот суд: Бугарија мора да му плати отштета од 1,6 милиони евра на својот поранешен крал

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Софија треба привремено да му плати повеќе од 1,6 милиони евра на поранешниот бугарски крал Симеон Втори и на неговата сестра кои се спречени во комерцијална употреба на шумско земјиште.
Бугарија „на тужителите треба да им плати 1.635.875 евра материјална отштета“, се вели во соопштението на судот кој веќе ја осуди Софија за тој случај во септември 2021 година.
Судот со седиште во Стразбур, каде што тужбата ја поднесоа Симеон Борисов и Марија-Луиза Борисова Хробок, поранешната принцеза, тогаш едногласно одлучи дека Бугарија го прекршила нивното право на заштита на сопственоста и правично судење. Одлуката е донесена поради мораториумот за пренос и комерцијална употреба на вратениот имот, кој се однесува на шумско земјиште, кој беше воведен во 2009 година и се уште е во сила, велат од судот.
Целиот имот на круната преминал во рацете на државата во 1947 година, кога комунистите ја прогласиле Бугарија за република. Но, во 1998 година беше оценето дека овој пренос е против правото на сопственост, па поранешниот крал и неговата сестра побараа враќање на имотот.
Ова беше направено за повеќето имоти, но во тоа време беше воведен мораториум. Во својата прва одлука, судот го остави прашањето за праведен надомест во очекување на договор меѓу двајцата тужители и бугарската држава.
Но, речиси две години по првата одлука донесена во 2021 година, постапката се уште е во тек пред бугарските судови, а судот повторно пресуди во корист на поранешниот крал и неговата сестра и ја потврди нивната проценка за загубата со тоа што им додели „привремено“ повеќе од 1,6 милиони евра до завршување на постапката во Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин