Европа
Експерти: Петтиот корона-бран во Франција се шири со брзина на светлината

Бројот на нови инфекции за време на петтиот бран на епидемијата на коронавирусот во Франција расте со алармантна брзина, соопшти денеска француската влада.
Бројот на нови случаи на Ковид-19 на дневна основа е речиси двојно зголемен во текот на изминатата недела, објави британскиот весник „Гардијан“.
Седумдневниот просек на нови случаи вчера достигна 17.153, во споредба со 9.458 една недела претходно, соопштија здравствените власти, додавајќи дека зголемувањето е 81 отсто.
„Петтиот бран започнува со брзина на светлината“, изјави владиниот портпарол Габриел Атал.
Досега зголемувањето на бројот на заразени не доведе до масовен прилив на пациенти со Ковид-19 во болниците.
Властите веруваат дека малиот број пациенти на интензивна нега е резултат на високата стапка на вакцинација во Франција, за која веруваат дека е многу ефикасна против најопасните форми на Ковид-19.
Од болниците вчера известија дека се лекуваат вкупно 7.974 пациенти со Ковид-19, од кои 1.333 се на интензивна нега.
Воведувањето здравствени пропусници во текот на летото, исто така, помогна да се задржи Ковид-19 под контрола, рече Атал.
Владата останува на ставот дека тежината на ограничувањата треба да ја сносат невакцинираните, а не вакцинирани лица, посочи Атал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на Телеграм градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона „Шхидни“. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување на персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база, не само за стоки, туку и за опрема и персонал. Со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување на персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.