Европа
Задолжително неделно тестирање за невакцинираните, во Грција нови мерки против коронавирусот

Во Грција стапија во сила новите мерки против коронавирусот и тие, според најавите, ќе траат до 31 март, а ќе вклучуваат задолжително неделно тестирање на луѓето што не се вакцинирани, а условите за пристап до одредени затворени простории се вакцинација или негативен тест на коронавирус.
Според новите прописи, сите работници во приватниот и јавниот сектор кои немаат потврда за вакцинација или сертификат за прележан коронавирус ќе треба да се тестираат еднаш неделно.
Два теста неделно ќе бидат потребни за луѓето што работат во академии, туризмот, рестораните и кафулињата, како и за студентите.
Тестирањето ќе се врши во приватни институции и трошоците за тестирање ќе бидат 10 евра, освен за учениците од училиштата, кои ќе имаат право на бесплатни тестови.
Невакцинираните лица ќе може да одат во кина, театри, музеи и спортски сали со потврда за негативен брз тест во последните 48 часа, а институциите ќе имаат право да ги прифатат само вакцинираните клиенти доколку тие посакаат.
Маските ќе бидат задолжителни за сите во затворени простории и надвор и во метеж на отворено.
Потребен е сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест на коронавирус во последните 48 часа за патување со авион, воз, брод или автобус на долги релации за сите лица над 12-годишна возраст.
„Ако се спроведат правилата, треба да го избегнеме она што се случи во октомври минатата година“, рече експертот за заразни болести, Гкикас Маргиокинис, минатата недела.
Од почетокот на пандемијата во Грција има 615.157 потврдени случаи на коронавирус, од кои 14.169 се смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.