Европа
Кавга во ЕУ, Макрон им возврати на Орбан и Салвини за мигрантите

Францускиот претседател Емануел Макрон им одговори на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, дека имаат право кога на него гледаат како на главниот противник во Европа во врска со прашањето на мигрантите.
„Ништо нема да им препуштам на националистите и на оние што се залагаат за говор на омраза. Ако ме гледаат како главен противник, имаат право“, рече тој одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Данска.
Во вторникот во Милано унгарскиот премиер Виктор Орбан го нарече италијанскиот министер за внатрешни работи свој херој, а Емануел Макрон, напротив, свој најголем непријател во Европа.
„Во моментот постојат два табора во Европа, а еден е предводен од Макрон“, рече унгарскиот премиер.
Седум месеци пред европските избори што треба да се вртат главно за прашањето на мигрантите, тој го обвини Макрон дека е во првите редови на политичките сили што ја поддржуваат имиграцијата, а тој сака да се запре нелегалната имиграција.
„Ова создава силна опозиција помеѓу националистите и прогресивните во Европа“, рече францускиот шеф, кој е на турнеја во Данска и Финска во потрага по сојузници за создавањето на прогресивниот фронт во Европа наспроти националистичките и популистичките сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин ќе го игнорира ултиматумот на Трамп, ги изнесе условите за мир, објави Ројтерс

Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сè додека Западот не се согласи на мировни преговори под руски услови, а неговите територијални претензии би можеле дополнително да се прошират ако руските сили продолжат да напредуваат, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ.
Според овие извори, Путин не е импресиониран од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции и верува дека и руската војска и економија се доволно силни за да издржат дополнителен притисок од Западот.
Путин смета дека никој сериозно не сакал да се договори со него
„Путин верува дека никој, дури ни Американците, сериозно не се ангажирал со специфичните услови на Русија за мир, па затоа ќе продолжи сè додека не го добие она што го сака“, рече еден извор под услов да остане анонимен.
Трамп вчера изрази фрустрација од одбивањето на Путин да прифати прекин на огнот и најави нови испораки на оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“, и дополнителни санкции ако не се постигне мировен договор во рок од 50 дена.
Кремљ: Нема основа за мир, само нејасни контакти
Иако Трамп и Путин разговарале по телефон неколку пати, а американскиот претставник Стив Виткоф, исто така, ја посетил Москва во неколку наврати на средби со Путин, рускиот претседател, според изворите, верува дека немало сериозен обид да се дефинира основа за мир.
„Важно е Путин да го зачува својот однос со Трамп и имаше добри разговори со Виткоф, но интересите на Русија се над сè“, додаде еден од изворите.
Барањата на Путин: Повлекување на НАТО, Украина мора да остане неутрална
Според извори блиски до Кремљ, Путин бара правно обврзувачка гаранција дека НАТО нема да се прошири кон исток, неутрален статус за Украина и ограничувања на нејзините вооружени сили, како и заштита за нејзиното рускојазично население. Тој, исто така, бара признавање на територијалните придобивки на Русија.
Путин, наводно, е подготвен да разговара и за безбедносни гаранции за Украина што би ги вклучиле големите сили, но не е јасно како тоа би изгледало во пракса. Канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
„Путин не се плаши од царини, Русија го надминува НАТО во муниција“
Друг извор рече дека Путин верува дека целите на Москва се поважни од какви било економски последици и не е загрижен за заканите на САД за царини против Кина и Индија за купување руска нафта.
Два извори рекоа дека Русија има предност на бојното поле и дека нејзината воена индустрија го надминува производството на клучна муниција на НАТО, како што се артилериски гранати.
Европа
Украинскиот премиер поднесе оставка

Украинскиот премиер Денис Шмихал објави дека поднел оставка од функцијата што ја извршуваше повеќе од четири години. Одлуката доаѓа еден ден откако претседателот Володимир Зеленски го предложи Шмихал за нов министер за одбрана, како дел од најавената реконструкција на кабинетот.
Во објава на Телеграм, Шмихал им се заблагодари на украинските ветерани, претседателот и членовите на владата:
„Благодарност до нашите бранители кои го држат фронтот и ја штитат Украина! Благодарност до претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата! Благодарност до целиот тим за нивната неуморна работа за нашата земја! Слава на Украина!“, напиша тој покрај фотографија од неговата рачно напишана оставка.
Зеленски вчера објави дека ќе ја номинира Јулија Свириденко, поранешната прва вицепремиерка, за нов шеф на владата. Тој рече дека смета на парламентарна поддршка за најавеното реструктуирање на извршната власт.
Зеленски веќе некое време најавува промени во кабинетот, кои се толкуваат како обид за освежување на политичкото раководство на земјата, бидејќи војната со Русија влегува во својата четврта година, а предизвиците во економијата и одбраната остануваат исклучително големи.
Европа
Макрон: За да бидеме слободни во овој свет, мора да бидеме страв и трепет

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера најави дополнителни 6,5 милијарди евра воени трошоци во текот на следните две години, објави „Евроњуз“. Францускиот лидер ги изложи плановите во говор, во кој повика на зголемени напори за заштита на Европа и поддршка на Украина во услови на континуирана, тотална руска инвазија.
Според Макрон, Франција планира да троши 64 милијарди евра годишно за одбрана до 2027 година. Таа сума е двојно поголема од 32-те милијарди евра што земјата ги потроши за одбрана кога тој стана претседател во 2017 година.
„Од 1945 година слободата никогаш не била толку загрозена и тоа толку сериозно“, рече Макрон во традиционалниот претседателски говор до војската.
„За да бидеме слободни во овој свет, мора да бидеме страв и трепет. За да бидеме страв и трепет, мора да бидеме моќни“, порача тој.
Тој нагласи дека Франција може да си дозволи поголеми воени трошоци, дури и додека се стреми да го намали својот национален долг. Додека конзервативните и крајно десничарските партии во голема мера го поддржуваат неговиот притисок за поголеми трошоци за одбрана, левичарските партии ја обвинуваат владата дека ја занемарува социјалната помош во корист на војската.