Европа
Киднапирано единственото преживеано момче при падот на жичницата во Италија

Италијанските власти почнаа истрага откога единственото преживеано момче од несреќата при падот на жичницата во Италија во мај е однесено во Израел, пишуваат медиумте во светот.
Родителите на момчето, неговиот помлад брат и неговите баба и дедо беа меѓу 14-те лица загинати во несреќата.
Шестгодишното дете, по излегувањето од болница, престојувало кај роднините од страната на својот татко. Неговите роднини од Израел побарале старателство.
Семејството на момчето живеело во Италија неколку години пред несреќата, а роднините од страната на татко му добиле старателство во јуни.
Во саботата, сепак, момчето било однесено од земјата. Го однел дедо му, таткото на неговата мајка, кој се преселил во Италија по несреќата. На приватен лет тој го извадил детето од земјата користејќи израелски детски пасош, што го поседувало шестгодишното момче. Израелските дипломати потврдија дека момчето дошло во земјата.
Роднините од страната на мајката тврдат дека момчето било држено како да е заложник.
Гали Пелег, тетка на момчето, побарала негово посвојување во август тврдејќи дека е заложник во Италија.
„Не го киднапиравме Еитан. Го донесовме дома“, изјави таа за израелското радио. Таа додала дека неговите родители планирале да се вратат да живеат во Израел пред несреќата.
Неговата тетка од Италија, онаа што се грижела за него досега и на која ѝ е дадено старателство, вели дека ова е уште една трагедија и траума за детето.
Во несреќата во мај загинаа 14 лица. Несреќата се случила кога главниот кабел се расипал и кабината паднала од голема височина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.