Европа
Куфер со кокаин од 9 милиони евра падна врз куќа во Сардинија, пилотот ја промаши целта

Куфер полн со кокаин случајно заврши на соларниот панел на куќа во Италија. Полицијата го идентификувала пилотот кој се обидел да ја предаде дрогата и го уапсила.
Куферот натоварен со кокаин требало да „слета“ во рацете на дилер во италијанскиот град Баратили Сан Пјетро на Сардинија. Наместо да падне во рацете на дилерите, куферот падна на покривот на куќата и го скрши соларниот панел, пишуваат италијанските гласила.
Исплашени сопствениците на домот повикале полиција која открила дека црниот куфер е полн со кокаин вреден 9 милиони евра.
Со помош на снимките од надзорните камери и сведоците се открило дека станува збор за 28-годишен пилот од Рим кој ги превезувал богатите со авион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шолц со трчање го започна изборниот ден во Германија

Актуелниот канцелар Олаф Шолц утрово трчајки, придружуван од чувари, го започна изборниот ден во Потсдам.
Во тој град, покрај Берлин, се наоѓа неговата изборна единица. На последните избори Шолц постигна јасен резултат. Но, сега работите би можеле да станат тесни за него и неговата Социјалдемократска партија.
Анкетите спроведени пред изборите покажаа значителен пад на поддршката од гласачите.
Европа
Путин вети помодерно оружје за руските војници

Рускиот претседател Владимир Путин денеска вети дека ќе им обезбеди на руските сили помодерно оружје и технологија, еден ден пред третата годишнина од инвазијата на Москва на Украина.
„Им благодарам на сите учесници во специјалната воена операција за нивната борбеност и одлучноста за победа“, рече Путин во видео пораката по повод одбележувањето на Денот на бранителот на татковината, еден од најважните национални празници во Русија.
Кремљ официјално ја нарекува руската инвазија на Украина „специјална воена операција“.
„Денес, среде брзите промени во светот, нашиот стратешки пат кон зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет“, рече Путин.
„Врз основа на искуството и барањата на бојното поле, опремувањето на војниците со ново оружје е приоритет“, додаде тој.
Путин ја даде оваа изјава пред големата прес-конференција што украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да ја одржи денеска. Се очекува Зеленски да зборува за ситуацијата на првите борбени линии.
Конференцијата на украинскиот лидер доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп, во пресврт на американската политика, остро го критикуваше, нарекувајќи го „диктатор“ поради одложувањето на изборите поради војната што Путин ја започна на 24 февруари 2022 година.
САД беа најважниот сојузник на Украина и снабдувач со оружје кога претходникот на Трамп, Џо Бајден, беше на функција, но неодамнешните коментари на Трамп сугерираат дека САД можеби нема да продолжат да ја поддржуваат Украина.
Додека руската војска продолжува да напредува во источна Украина, независни експерти проценуваат дека се убиени најмалку 95.000 руски војници, но овие бројки не можат да се потврдат. Од почетокот на војната, Путин ја трансформираше земјата во воена економија, а одбранбената индустрија работи со полна пареа.
Европа
(Фото/Видео) Истанбул под снег

Снегот продолжува да паѓа во некои населби на Истанбул, најнаселениот град во Турција, јавува Анадолија.
Снежните врнежи кои на моменти се интензивираа, особено во северните и повисоките делови, ги зафатија познатите знаменитости на градот кој се простира на два континента.
Бидејќи е викенд, досега не се пријавени поголеми проблеми во сообраќајот.
Иако екипите работат на отстранување на снегот од главните сообраќајници, движењето на возилата е отежнато поради насобирањето снег на споредните улици.