Европа
Лепен: Заедно со Качински и Орбан ќе ја демонтираме ЕУ
Претседателката на француската партија од крајната десница Национален фронт (FN) Марин Лепен во понеделникот изјави дека доколку победи на претседателските изборие, заедно со лидерот на полските владејачки конзервативци, Јарослав Качински ќе работи на тоа како да се „демонтира“ ЕУ.
„Ако победам, ќе започнам соработка со Качински со цел да се демонтира ЕУ. Верувам дека можеме да соработуваме на многу начини”, рече Лепен, во интервјуто дадено за полскиот весник Жечпосполита, притоа додавајќи дека ова ќе му го предложи и на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Заедно со Орбан и Качински, Лепен прво сака да започне дискусија за тоа што е неприфатливо во сегашната ЕУ, а покрај премиерот на Унгарија и лидерот на владејачката полската партија Право и справедливост (PiS), таа гледа потенцијален помошник во уништувањето на ЕУ и во британската премиерка Тереза Меј.
„Се разбира, ние не се согласуваме за сé. Но тоа е бидејќи секоја земја е слободна и суверена да ги брани своите интереси”, рече Лепен.
Според нејзината оцена проблемот околу кој сигурно ќе биде лесно да се согласат е тоа дека мора да се спречи прераспределбата на бегалци во Европа, за што против се и земјите од Вишеградската четворка – Полска, Унгарија, Чешка и Словачка./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

