Европа
Либералите победија на парламентарните избори во Холандија
Либералната партија на премиерот Марк Руте освои најмногу мандати на парламентарните избори во Холандија, додека екстремно десничарската партија на Герт Вилдерс е втора според бројот на освоени пратенички места.
Либералите на премиерот Руте освоија 31 место во холандскиот парламент, додека антимуслиманската партија на Герт Вилдерс освои 19 мандати, колку што освоија и партиите Демократи 66 и Христијанското демократско движење. Зелената левица освои 16, Социјалистичката партија 14, а Работничката партија освои девет места во Парламентот.
Холандскиот премиер, Марк Руте, по изборната победа оценил дека гласачите го отфрлиле „погрешниот популизам“.
„Народната партија за слобода и демократија трет пат по ред е најголемата партија во Холандија. За големата демократија каква што е холандската ова е шанса да го запре домино ефектот на популизмот“, рекол Руте на постизборната прослава во Хаг.
Најголем губитник на изборите во Холандија е Работничката партија на претседателот на Еврогрупата, Јерен Дијселблем. Оваа партија на претходните избори имаше 38 мандати, а на последните освои само девет пратенички места.
Поради овој резултат веројатно Дијселблем нема да може да го задржи звоето место на чело на 19-члената Еврогрупа која управува со валутата на Европската унија.
Победата на партијата на Руте предизвика задоволство кај политичкиот естаблишмент во Европа, бидејќи владееше стравот дека евентуалната победа на ултрадесничарот Вилдерс ќе ја продлабочи дестбилизацијата на ЕУ, откако Велика Британија гласаше за излегување на од Унијата, а Доналд Трамп победи на американските претседателски избори. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

