Европа
Лондонскиот напаѓач роден како Адријан Расел

Британската полиција во петокот уапси уште две лица во рамките на истрагата за терористичкиот напад пред британскиот парламент, и додаде дека напаѓачот кој усмрти четири лица е роден во грофовијата Кент на југоистокот од Англија под името Адријан Расел.
Високиот функционер на антитерористичката полиција Марк Роули изјави дека по нападот во средата се уапсени вкупно девет лица. Полицијата објави дека напаѓачот е лице кое се преобратило во исламот, родено во Велика Британија, Калид Масуд, Овој 52-годишѓник е роден како Адријан Расел, а во текот на животот користел повеќе имиња меѓу кои и Адријан Ајао кога неговата мајка се премажила кога бил мал.
Роули додаде дека се истражува дали Масуд делувал сам или имал соработници, „Нашата истрага се фокусира на неговиот мотив, неговите активности и неговите соработници“, прецизираше Роули.
„Иако нема никакви докази за можни нови закани, ќе имате разбирање за нашата мотивација да дознаеме дали тој делувал сосема сам, можеби инспириран од терористичката пропаганда, или некој друг го охрабрувал, поддржувал или насочувал“, рече Роули во изјава за медиумите. Додаде дека во рамките на истрагите се уапсени уште две лица, едно во покраината Вест Мидлендс, а другото на северозападот од земјата.
Роули рече дека напаѓачот, кој се залета со автомобил врз пешаците на Вестминистерскиот мост а потоа со нож го нападна и уби вооружениот полицаец пред зградата на парламентот, усмрти вкупно четири лица и рани 50 пред да биде убиен од припадниците на безбедносните сили. Две од ранетите лица уште се во критична состојба./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Што навистина мислеше кралицата за брегзитот: „Подобро е да се држиш до ѓаволот што го познаваш“

Покојната кралица Елизабета II имаше мислења за различни теми, но таа обично не ги изразуваше јавно, оставајќи простор за шпекулации. Во својата нова книга „Power and the Palace“, поранешен новинар на „Тајмс“, Валентин Лоу, ја открива приватната страна на кралицата и нејзините ставови, разговарајќи со дворјани, политичари и државни службеници.
Кралицата ги сподели своите ставови во една прилика, само за да ги види на насловната страница на „Сан“ неколку години подоцна. За време на кампањата за референдум за тоа дали Велика Британија треба да ја напушти Европската унија, весникот објави сторија со наслов „Кралицата го поддржува Брегзит“. Во статијата се вели дека на ручек во Виндзор во 2011 година, кралицата му рекла на вицепремиерот Ник Клег дека мисли дека ЕУ оди во погрешна насока. Таа наводно рекла: „Не ја разбирам Европа“.
Дали кралицата навистина беше поддржувач на Брегзит? Иако Бакингемската палата не беше воодушевена од извештајот на „Сан“, не ја негираше приказната. За ова имаше добра причина: се сметаше дека официјалното негирање дека кралицата го поддржува Брегзит би имплицирало дека таа го поддржува останувањето во ЕУ. Кралицата, се разбира, не може да гласа бидејќи е над политиката.
Години по тој наслов, се појавија докази за тоа што навистина мислела кралицата за Брегзит. Еден министер кој разговарал со неа во пролетта 2016 година, три месеци пред референдумот, се сетил дека Елизабета II рекла: „Не треба да ја напуштиме ЕУ, подобро е да се држиш до ѓаволот кој го познаваш“.
Иако читала статии во весниците за бирократијата во Брисел и велела: „Ова е смешно“, таа сè уште ја гледала ЕУ како дел од поредокот што го одбележал периодот на соработка по двете светски војни.
Како што рече поранешниот премиер Дејвид Камерон:
„Таа беше толку внимателна никогаш да не изрази политички став, но секогаш се добиваше чувство дека, како и повеќето нејзини поданици, таа сметаше дека европската соработка е неопходна и важна, но дека институциите на ЕУ понекогаш можат да бидат фрустрирачки.“
Веста за ставовите на кралицата за Брегзит стигна до Камерон, кој мораше веднаш да одлучи дали да ја користи во кампањата за останување. Тој одлучи да не го стори тоа, иако таборот за излегување немаше такви скрупули. Но, сега е јасно: ако кралицата имаше право на глас, таа ќе гласаше за останување.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Крајот на војната во Украина е веројатен според едно сценарио, но тоа нам не ни одговара

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од гледна точка на безбедносните гаранции.
„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациски, технолошки и економски поглед бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.
Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална на руската, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.
„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник – Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски.
Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, истакнувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.
„Идентична репродукција на јужнокорејскиот модел веројатно нема да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на земјата.
фото: принтскрин
Европа
Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за новинарите.
Нејзиниот коментар дојде откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ќе испрати европски трупи во Украина, идеја што исто така ја отфрли Германија.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“ во неделата, фон дер Лајен рече дека Европа изработува „прилично прецизни планови“ за распоредување на мултинационални сили во Украина како дел од повоените безбедносни гаранции што би биле поддржани и од САД.
„Русија нема да разговара за странска интервенција во Украина во кој било формат, што е фундаментално неприфатливо и ги поткопува сите форми на безбедност“, рече Захарова.
фото: принтскрин