Европа
Макрон: Економското закрепнување во Европа ќе оди бавно

Францускиот претседател Емануел Макрон процени дека Европа ќе мора да го подобри и заврши својот економски одговор на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, така што закрепнувањето ќе оди побавно.
По завршувањето на видеосамитот на лидерите на ЕУ Макрон рече дека една од најголемите лекции за Европа, како и за Франција, е дека е потребно драстично да се поедностави одговорот на кризата, пренесуваат француските медиуми.
„Ние сме премногу бавни, премногу сложени, заглавени сме во сопствената бирократија“, рече Макрон.
Коментирајќи го самитот, францускиот претседател кажал дека треба да има буџетска поддршка сè додека трае здравствената криза.
Тој исто така рекол дека планот за закрепнување, претставен пред неколку дена од американскиот претседател Џо Бајден, ја става ЕУ под историска одговорност.
„Јасно можеме да видиме дека Соединетите Американски Држави се враќаат на апсолутно ниво што го имаа и пред кризата и пред сè многу брзо ќе се вратат на патот што беше нивни. Од друга страна, ЕУ нема да се врати на ова ниво до пролет-лето 2022 година. Таа промена е загрижувачка “, рече Макрон.
Тој додаде дека ова е нешто за што мора да се разговара во ЕУ и повика на побрзо и посилно инвестирање во секторските приоритети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“