Европа
Меркел договара средба со Трамп напролет и му одговора дека Европејците судбината ја држат во рацете
Судбината на Европската унија е во нејзините сопствени раце, рече германската канцеларка Ангела Меркел индиректно одговарајќи му на избраниот американски претседател Доналд Трамп , кој смета дека по Велика Британија и други земји ќе започнат да ја напуштаат ЕУ, истовремено извори од нејзината влада изјавија дека работи на организација на средба со Трамп веќе оваа пролет.
Според изворите кои ги наведува Reuters, германската канцелара Ангела Меркел му понудила на новиот американски претседател Доналд Трамп средба во САД на којашто таа би допатувала во својство на челник на групата Г20 со која претседава Германија. Таа досега разговарала со него само еднаш, кусо откако победи на претседателските избори на 8-ми ноември.
Во разговорот кој во понеделникот заеднички го објавија германскиот весник Bild и британскиот The Times, Трамп изјави дека отсекогаш имал „многу почитување“ кон Меркел, но нејзината одлука од 2015-та да дозволи влез на милиони имигранти во Германија ја нарече „катастрофална грешка која отворила можност за терористичките напади.
Меркел во текот на прес-конференцијата со новозеландскиот премиер Бил Инглиш одби да ги коментира изјавите и рече дека ќе ја почека инаугурацијата на Трамп, и оти подоцна со него ќе соработува на сите нивоа на власта.
„Лично чекам на инаугурацијата на американскиот претседател. Тогаш, се разбира, ќе почнеме да работиме на сите нивоа“, порача Меркел.
Во врска со изјавите на Трамп за иднината на ЕУ, Меркел во продолжени рече дека „Мислам оти ние Европејците ја држиме својата судбина во нашите сопствени раце“.
Германската јавност со загриженост реагираше на изјавите на Трамп во врска со ЕУ, НАТО и можните вонредни царини за германските автомобили.
„Ние тргнуваме од тоа дека американските партнери ќе се придржуваат на меѓународните договори со дефинирани обврски и правила на Светската трговска организација“, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер, реагирајќи на споменатото интервју на Трамп во кое ги доведува во прашање досегашните трговски правила меѓу САД и ЕУ.
Германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, рече дека на изјавите на Трамп не треба да се реагира „избрзано“, туку да се почека тој да ја преземе претседателската должност.
Во врска со намерите на Трамп да ја покачи за 5 отсто царината на германските автомобил, Габриел заклучи дека таквиот вид протекционизам дополнително би наштетил на американската автомобилска индустрија. На забелешката на Трамп дека на улиците на Њујорк повеќе може да се видат германски автомобили отколку американски, Габриел изјави дека „Американците би требало да почнат да прават подобри автомобили“.
Претставниците на германското стопанство реагираа, пак, со загриженост на изјавите на новиот американски претседател.
„Со своите изјави Доналд Трамп ја доведува во прашање постојната форма на трговија, како и досегашниот облик на економска соработка, вели Ерик Швејцер, претседател на Германската индустриска и трговска комора.
Претседателот на Здружението на извозниците Антон Бернер од Ангела Меркел побара итен состанок со Трамп. „Кој верува дека ЕУ е втемелена само за да им наштети на САД, тој има многу екстремни претстави“, рече.
Во врска со оцените на Трамп за тоа дека НАТО е застарен, и дека не успеал во одбраната од терористичките напади, германскиот трансатлантски координатор Јирген Хардт изјави дека Reuters дека не очекува дека Конгресот ќе дозволи САД да се откаже од својата клучна улога во НАТО,
Рече и дека повеќе американски конгресмени, вклучително претседателот на сенатската комисија за вооружените сили Џон Мекејн, пред неколку седмици му кажале дека Вашингтон ќе остане веродостоен партнер на НАТО, и дека Трамп нема да го повлече распоредувањето на 4.000 американски војници во Полска, што се случи со одлуката на претседателот на заминување Барак Обама, десетина дена пред стапувањето на должноста на неговиот наследник./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

