Европа
Меркел за побрзи депортации по нападот во Берлин
Германската канцеларка Ангела Меркел најави во понеделникот побрзи депортации за барателите на азил на коишто им е одбиено барањето, како одговор на терористичкиот напад во Берлин на божикниот базар кога во напад со камион беа убиени 12 луѓе.
„Ужасниот напад во Берлин нé обврзува да не застанеме само кај најавите за поостри мерки, туку да испратиме јасна порака“, изјави германската канцеларка ангела Меркел на годишниот конгрес на Сојузот на германските државни службеници (DBB) во понеделникот во Келн.
Најави дека една од најважните задачи следните месеци ќе биде протерувањето на оние коишто престојуваат во Германија нелегално, и сетот тоа под мотото „Сигурност и слобода“.
„Онаму каде што постојат законите, тие мора и да се применуваат. Оние коишто ја уживаат перспективата на долгорочен престој во Германија треба што поскоро да се интегрираат, а оние на коишто не им е потребна заштита треба да ја напуштат Германија што поскоро“, порача Меркел.
Признава дека во минатото таа обврска не се спроведувала „сосема сериозно“. „Потребно е да се обединат сите сили на национално ниво за оние ои тука не би требало да престојуваат да ја напуштат земјата. Тоа е задача и предизвик за целата влада“, додаде германската канцеларка.
Напаѓачот во Берлин, 24-годишниот Тунижанец Анис Амри на властите им бил познат како потенцијален терорист, но не е протеран бидејќи властите во неговата татковина во Германија не ги испратиле потребните документи.
Во врска со побрзите депортации, Меркел се надева на соработката на Буднесратот, горниот дом на германскиот парламент кој ги застапува интересите на сојузните покраини. Оние, каде што во власта учествува партијата на Зелените досега спречуваа земјите од Магреб да бидат прогласени за безбедни земји, што би го олеснило протерувањето на државјаните на земјите од северна Африка кои натпросечно се вклучени во криминалот и радикализмот.
Во вторник треба да се одржи средбата на министрите за внатрешни работи и за правосудство, Томас де Мезиер, од Христијанско-демократската унија (CDU) и Хеио Маас од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), кои треба да предложат заострување на законот за полесно протерување на потенцијално опасните доселеници на кои им се заканува протерувањето.
Медиумите оценуваат дека доколку таквиот закон досега би бил на сила, и атентаторот од Берлин, како и некои учесници во претходни инциденти, со месеци пред нападот не би бил на слобода.
Консолидирањето на бегалската политика и воведувањето закон со кој би се зголемила безбедноста е еден од најважните задачи на партиите од демохристијанско-сицијалдемократската коалиција во оваа изборна година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

