Европа
Можниот нов американски амбасадор во ЕУ, предвидува нејзино распаѓање

Тед Малок, кандидат за должноста американски амбасадор во Европската унија, предвидува во германскиот печат распаѓање на Унијата, тврдејќи дека излегувањето на Велика Британија е само првиот чекор на тој пат.
„Доколку ја погледнете Европа, уште сега можеме кои било две букви да ги ставите пред зборот ‘егизт’“, оценува Тед Малок во разговорот за неделникот Der Spiegel, од кој дел е објавен во петокот, а целосно ќе биде достапен во сабота.
Малок алудира на зборот којшто го означува на излегувањето на Велика Британија од Европската унија или „Брегзит“, а може да има и повеќе варијанти, како на пример порано споменуваниот „Грегзит“, излегувањето на Грција, или сега најавуваниот „Фрегзит“, излегувањето на Франција од ЕУ.
Покрај тоа, повторува дека европската валута еврото е „лошо искуство“, како и дека, доколку станува збор за некоја инвестициска банка, „не би се обложил на еврото“.
Малок, кој и во минатото извршувал дипломатски избори за САД, се навестува како многу можен нов американски амбасадор во Европската унија.
Меѓутоа, челниците на Европската народна партија (EPP), на социјалистите и либералите во Европскиот парламент повикаа во четвртокот ЕУ да не го прифати како иден американски амбасадор во Брисел.
Запрашан зошто сака да стане амбасадор во ЕУ во интервјуто од пред еден месец, Малок за BBC рече дека „Во текот на поранешната кариера има дипломатско место од кое помогнав во уривањето на Советскиот сојуз. Можеби постои уште еден сојуз на којшто му е потребен малку кратење“.
Одговарајќи на прашањето за тоа на Малта, на маргините од европскиот самит, францускиот претседател Франсоа Оланд оцени, пак, дека е „подобро амбасадорот кој ќе се именува да верува во институцијата со којашто треба да соработува“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Ги поддржуваме мировните напори на Трамп, но ги отфрламе гаранциите на ЕУ за Украина

Кремљ на денешниот редовен брифинг за медиумите изјави дека ги смета напорите на САД за постигнување мир во Украина за „многу важни“ и дека тие би можеле да помогнат во решавањето на долготрајниот конфликт. Сепак, портпаролот Дмитриј Песков јасно стави до знаење дека Москва има негативен став кон европските предлози за безбедносни гаранции за Украина.
Песков го повтори долгогодишниот став на Русија дека не треба да има распоредени трупи од земјите-членки на НАТО на украинска територија. На прашањето за можни мировни разговори на високо ниво, тој рече дека ваквите состаноци мора внимателно да се подготвуваат за да бидат ефикасни.
По извештаите дека руските напади во текот на ноќта биле насочени кон украинската енергетска инфраструктура, Песков рече дека Русија ги таргетирала само воените и воено поврзаните цели.
Песков, исто така, објави дека се во тек интензивни подготовки за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина.
Путин ќе присуствува на самитот на Шангајската организација за соработка, кој ќе се одржи од 31 август до 1 септември во кинескиот пристанишен град Тјенџин. Според Песков, на самитот ќе учествуваат повеќе од 20 светски лидери.
Потоа, Путин ќе го посети Владивосток, голем руски пристанишен град во близина на кинеската и севернокорејската граница, на 5 септември.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинци: Експлодира главниот нафтовод што ја снабдува Москва

Главниот нафтовод што испорачува нафтени деривати во Москва експлодира во рускиот регион Рјазан, дознава „Укринформ“ од извор во Одбранбена разузнавачка служба на Украина (ДИУ).
Според нив, вчера се случила силна експлозија на нафтоводот „Рјазан-Москва“, еден од главните правци за снабдување на руската престолнина со нафтени производи.
Според извори на ДИУ, откога локалните канали на „Телеграм“ во Рјазан пријавија гласна експлозија на дел од цевководот, избувна голем пожар. Пожарникарите и амбулантните возила беа испратени во рок од неколку часа за да го изгаснат пожарот, објави „Укринформ“.
An explosion reportedly hit the Ryazan-Moscow oil pipeline on August 26, one of the key fuel supply routes to the Russian capital. The pipeline, repurposed in 2018 by Transneft to transport gasoline—also used by Russia’s military—is now out of operation, RBC-Ukraine reports. pic.twitter.com/qF3Yz4M60X
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) August 27, 2025
Жителите пријавија дека полицијата и други тимови се во областа на селото Божатково во регионот Рјазан работејќи на отстранување на последиците од експлозијата и пожарот.
Според украинските медиуми, од 2018 година овој цевковод е пренаменет за снабдување со бензин на компанијата „Транснефт“, која исто така снабдува гориво и за руската војска.
Според ДИУ, инцидентот предизвикал протокот на нафтени производи кон Москва да биде суспендиран на неодредено време.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Министерот за транспорт на Турција се сними себеси како вози со 225 км/ч додека слуша музика: набргу беше казнет

Турскиот министер за транспорт е казнет за пребрзо возење кога објави видео од себе како вози на автопат со народни песни што ечат од неговиот автомобил под хаштагот #TurkeyAccelerates.
Во неделата вечерта министерот Абдулкадир Уралоглу сподели видео на интернет на кое се гледа како вози на автопат во близина на главниот град Анкара слушајќи народни песни и извадоци од говорите на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во неколку одделни видеа, на кои ненамерно се прикажува брзинометарот, може да се види како тој достигнува брзина помеѓу 190 и 225 км/ч. Ограничувањето на брзината на овој автопат во Турција е 135 км/ч.
Неколку часа подоцна Уралоглу го објави повторно видеото признавајќи дека бил казнет за пречекорување на дозволената брзина пишувајќи дека со споделувањето на видеото, тој го предизвикал тоа.
Türkülerle Ankara-Niğde Otoyolu hatırası… 📹🎶
Yorulduğumuzda Sn. Cumhurbaşkanımızdan ilham alıyor, “Yeterince çalışmadık” diyerek yolumuza devam ediyoruz…#TürkiyeHızlanıyor 🇹🇷 pic.twitter.com/iGToOlTpfD
— Abdulkadir URALOĞLU (@a_uraloglu) August 24, 2025
„Седнав зад воланот за да го проверам автопатот Анкара – Нигде и ненамерно го пречекорив ограничувањето на брзината за кратко време. Всушност, се осудив себеси со видеото“, напиша тој.
Казната, чија копија ја објави, покажуваше дека Уралоглу возел со 225 км/ч и бил казнет со 9.267 турски лири (190 евра).
„Отсега па натаму ќе бидам многу повнимателен. Почитувањето на ограничувањето на брзината е задолжително за сите“, изјави министерот.