Европа
Научници: Европа не е подготвена за климатски ризици, а тие се огромни и сè помногубројни
Европа не е подготвена за огромните и зголемени климатски ризици со кои се соочува, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во својата прва процена на ризикот, пишува „Гардијан“.
Во извештајот се вели дека шумските пожари ги палат домовите во Европа, а хаотичното време ги оптоварува јавните финансии. ЕЕА пишува дека е потребна дополнителна акција за справување со половина од 36-те значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици. Уште пет ризици бараат итна акција, се вели во извештајот.
„Нашата нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици, кои растат побргу од нашата подготвеност“, рече Леена Ила-Мононен, извршен директор на ЕЕА.
Извештајот разгледува колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив. Вели дека најитните ризици, кои се влошуваат бидејќи загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, се топлинскиот стрес, поплавите и реките, здравјето на крајбрежните и морските екосистеми и потребата од солидарни фондови за закрепнување од катастрофи.
Кога истражувачите ги преиспитаа шесте ризици за јужна Европа, која ја опишаа како регион жешка точка, открија дека е потребна итна акција за заштита на посевите, луѓето, зградите и природата од шумски пожари.
„Постојат сè повеќе докази за адаптација на климатските промени во Европа, но тоа секако не е доволно“, вели Роберт Бизбрук, автор на извештајот од Универзитетот „Вагенинген“. Тој беше еден од лидерите на поглавјето за Европа во најновиот извештај за адаптација на Меѓувладиниот панел за климатски промени.
„Приспособувањето не се случува доволно бргу и не допира до оние на кои им е најпотребно. Многу е страшно“, изјави Бизбрук за „Гардијан“.
Извештајот исто така предупредува на каскадни и сложени ризици. Извештајот предупредува дека сегашните стрес-тестови на финансискиот сектор ,најверојатно, ќе пропаднат. Топлото време ќе ја исуши јужна Европа.
Посевите ќе бидат уништени, резервите вода ќе се намалат, а почвата ќе се стврдне, со што се зголемува веројатноста за поројни поплави и сушење на вегетацијата. Тоа значи дека шумските пожари може да се шират побрзо. Ресурсите на владите што се обидуваат да одговорат на неколку кризи ќе бидат затегнати, како и заедниците што не успеваат да се подготват.
„Ризиците, едноставно, го надминуваат развојот на политиките“, рече Блаж Курник, раководител на Групата за влијанија и адаптација на ЕЕА.
Европа се загреа повеќе од кој било друг континент од индустриската револуција. Се загреа речиси двапати побргу од глобалниот просек бидејќи јаглеродниот диоксидот ја затна атмосферата и ја зароби сончевата светлина.
Истражувачите разгледале две можни сценарија на ниско и високо затоплување во текот на овој век. Тие не ги зедоа предвид потенцијалните пресвртни точки во климатскиот систем тврдејќи дека ефектите од таквите драматични промени ќе се појават на подолги периоди. Така, итноста на акција на краток рок не е променета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.
Европа
Крим главна цел: Пентагон откри за што Украина ќе ги користи моќните ракети АТАКМС
Министерството за одбрана на САД ја појасни целта за испорака на ракети со долг дострел во Украина, кои неодамна беа испорачани во тајност. Како што објави „Њујорк тајмс“, целта на испораката на американските ракети АТАКМС е да се зголеми притисокот врз Крим, кој беше анектиран од Русија по референдумот во 2014 година.
Крим го претставува центарот во кој се лоцирани голем број руски воздушни и копнени сили и кој досега, како што пишува американскиот дневен весник, „за нив бил релативно безбедно засолниште“. Ова го тврди анонимен американски функционер. Сепак, Пентагон одби да каже колку точно од овие проектили со дострел од 300 километри се испорачани на украинската страна.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, претходно ја потврди испораката на овие ракети без да прецизира дали тие се модифицирани и имаат зголемен дострел.
Украинските сили веќе употребија АТАКМС, што претседателот Володимир Зеленски го потврди на 17 април, објавувајќи дека бил извршен напад врз воздухопловната база Џанкој, која се наоѓа на 165 километри од линијата на фронтот. Министерството за одбрана на Руската Федерација не ги коментираше овие наводи.
Pentagon reveals Ukraine’s targets for ATACMS missiles – NYT — (the usual baffling lack of retaliation threats from #Putin– instead just the usual bleating that ‘it’s impossible to justify’..Bring Stalin back to life please, Russia) https://t.co/8pi0Lx8tbt #CapeTown #SouthAfrica pic.twitter.com/ZtI5cG3r2m
— Peter Mayson (@theforeverman) April 26, 2024
Американскиот дневен весник потсетува дека Украина првпат добила ракети АТАКМС во септември минатата година, но дека станува збор за верзија со половина дострел. Се шпекулираше дека Украина можеби користела американски ракети за да го урне кримскиот мост, што на почетокот на месецов го потврди и самиот претседател Зеленски, велејќи дека неговата влада „навистина сака да го уништи мостот на Крим“.
Тој е симбол на руската окупација и преку овој мост Русија испорачува воена опрема и ги снабдува војниците во Украина. Во неколку наврати досега мостот беше цел на украински напади.
– Мислам дека е вистинското време, а шефот (Бајден) донесе одлука дека е вистинско време да и го обезбеди на Украина оружјето неопходно за тековната борба. Тоа е добро осмислена и многу конструктивна одлука – изјави адмирал Кристофер Грејди, заменик командант на Здружениот генералштаб на американската армија.
Руската страна го осуди потегот на САД, а рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов рече дека тоа „ја зголемува заканата за безбедноста на Крим, вклучително и Севастопол и другите руски градови“.