Европа
Париз и Берлин предлагаат европски центар против радикализирањето

Париз и Берлин ќе предложат основање европски центар за сузбивање и спречување на радикализирањето, најавија во средата во Париз францускиот министер за внатрешни работи Бруно Леру и неговиот германски колега Томас де Мезиер.
„Одлучивме да им предложиме на европските тела посебен ангажман на сузбивањето и на спречувањето на радикализирањето и ќе донесеме заедничка иницијатива за основање европски центар за размена на искуства за тоа прашање коешто се однесува на целата Европа“, изјави Леру на заедничката прес-конференција со де Мезиер одржана во француското министерство за внатрешно работи.
„Веќе имаме сторено многу на полето на репресијата (…), но таа никогаш нема да биде единствениот одговор во борбата против тероризмот“, додаде де Мезиер во периодот откако западноевропските земји се на ударот на досега на невидените џихадистички напади.
„Со основањето на овој центар не сакаме да ги замениме националните модели, туку да ги обединиме различните активности во оваа област, на пример оценувајќи го дејствувањето на Даеш (арапската кратенка за поранешното име на Исламската држава – ISIL/ISIS) и нудејќи аргументи против таквото делување за да би можеле да допреме до младите наклонети на радикализирање“, додаде германскиот министер./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин
Европа
Трагедија на Алпите: Британка загина за време на рафтинг

Британка загина во трагичен инцидент во француските Алпи додека била на рафтинг на реката Гуисан, во југоисточна Франција, откако паднала од сплав за време на спуштањето, изјави за АФП регионалниот обвинител Марион Лозакмер.
Британката била дел од организирана тура и паднала од чамецот на предизвикувачки дел од реката, објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на жената не е објавен.
Според извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката и таа била итно префрлена во блиската болница во критична состојба со хеликоптер.
И покрај напорите на лекарите, таа не можела да биде спасена. „Жртвата за жал почина“, потврди обвинителот Лозакмер.
Смртта на британскиот државјанин ја потврди и Министерството за надворешни работи на Велика Британија, кое соопшти дека е во контакт со француските власти.
Обвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозакмер.
Фото: принтскрин