Европа
Правата на Европејците и вкупниот буџет – што ќе побара ЕУ од Британија!?
Преговорите за развод на Лондон и Европа ќе започнат во текот на следните недели, откако во средата премиерот Тереза Меј и формално ја отпочнува постапката. Тие ќе траат точно две години, по што Велика Британија треба да излезе од ЕУ, без разлика дали двете страни постигнале договор за условите.
Во четвртокот европските медиуми ги цитираат изјавите на главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние, од кои може да се констатира дека ЕУ од Обединетото Кралство ќе ги побара следниве услови:,
– Зачувување на долгорочните права на Европејците во Велика Британија, кое за Брисел се “апсолутен приоритет”.
Преговорите за оваа точка ќе траат неколку месеци, а погодени ќе бидат 4,5 милион европски граѓани на Островот и Британци во Европа.
– Втората важна тема е како Велика Британија да го напушти општиот буџет.
ЕУ ќе сака земјата да ги плати сите износи кои таа веќе ги ветила. Барние ќе инсистираа на тоа дека Лондон нема да плати “ниту едно евро” повеќе од она што таа го ветила за буџетот на Унијата.
Неодамна комисијата за финансиските прашања на Горниот дом на британскиот Парламент објави во својот извештај дека во отсуство на договор, Лондон може да замине, без да ја плати евентуална сметка, побарана од Европската комисија (ЕК).
-Третиот приоритет се новите граници на Унијата, кои за Брисел се особено важни и тоа посебно се однесува на Ирска – единственото место каде што Велика Британија и Унијата ќе имаат копнена граница.
Властите во Ирска и Северна Ирска инсистираат на слободното движење. Сепак останува прашање како ќе се случи тоа, бидејќи во практика по Брегзит таа ќе стане надворешна граница на Унијата.
– Тешки последици ќе настанат ако Велика Британија ја напушти Заедницата без да има склучено договор за напуштање. ЕУ не сака “Брегзит без договор”, ЕУ сака договор за развод. “Брегзит без договор” ќе значи пример, дека на 30 март 2019 година Велика Британија автоматски почнува да тргува со ЕУ под условите на Меѓународната трговска организација, наместо како член на заедничкиот пазар. Барние истакна дека ваквиот развој ќе го отежни движењето од и до земјата.
– Прво развод, потоа преговори за идните односи со Велика Британија. Европски претставници неколкупати се изјавуваа дека нема да се согласат на паралелни дискусии на двете теми. Велика Британија беше предупредена да не започнува преговори за потенцијални трговски договори со трети земји, пред да ја напушти ЕУ, бидејќи со тоа би се прекршило европското право.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

