Европа
Претреси во Австрија по апсењето на осомничениот млад Албанец
Австриската полиција изведе неколку претреси во саботата по апсењето на 18-годишниот австриски државјанин од албанско потекло во петокот ноќта кој е осомничен за подготовка на терористички напад, а тој во саботата е на сослушувања, соопштија власите на австриската престолнина Виена.
„Извршени се неколку претреси на куќи во Виена и во Долна Австрија. Собраните материјали се истражуваат. Досега е извршено само едно апсење, во петокот“, изјави портпаролот на австриското министерство за внатрешни работи Карл-Хајнц Грундбек.,
Осомничениот кој беше уапсени во петокот, е испрашуван во саботата, потврди Конрад Кеглер, челник на австриската државна безбедност за јавното радио.
Министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка на прес-конференција свикана веднаш по завршувањето на операцијата на специјалните сили во петокот ноќта рече дека !австриските полициски сили брзо реагираа и го уапсија осомничениот, избегнувајќи така можен терористички напад во Виена“.
Специјалците во петокот вечерта уапсиле во Виена „Австриец на 18-годишна возраст, со имиграциска дозвола“. Истрагата треба да ги утврди неговите врски со „исламистичкиот екстремизам“, изјави министерот Соботка наведувајќи дека постојат повеќе индиции за тоа, а дека одлучувачките сигнали во врска со осомничениот стигнале од странски разузнавачки служби.
Дневниот весник Kronen Zeitung дознава дека безбедносните служби добиле информации дека „група од албански исламистички екстремисти“ планира напад во Виена меѓу 15-ти и 30-ти јануари.
Соботка, исто така, рече дека уапсениот припаѓа на албанската заедница, како и дека индициите говорат за тоа дека не дејствувал сам, туку дека зад него стои развиена мрежа. Кажа дека една од потенцијалните цели била и виенската подземна железница.
Министерот не сакаше да го открие идентитетот на уапсениот, наведувајќи дека безбедносните служби го следеле неколку дена бидејќи имале сигнали дека од Виена, каде што живее, би можел да замине во Германија. Притоа Соботка апелираше до граѓаните да бидат претпазливи и да пријават секаков сомнителен пакет оставен на јавен простор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

