Европа
Путин презеде подружница на француска компанија, ќе раководи внукот на чеченскиот лидер Кадиров
Одлучено е 32-годишниот внук на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров да раководи со руските операции на „Данон“ откако Кремљ ја презеде контролата врз локалните дејствувања на францускиот производител на храна. Јакуб Закриев, заменик-премиер на Чеченија и нејзин министер за земјоделство, е назначен за генерален директор на „Данон Русија“, покажуваат официјалните документи.
Закриев е син на постарата сестра на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој на социјалните мрежи својот роднина го нарече „драг внук“. Кадиров е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и јавно ја поддржува руската инвазија на Украина, пишува „Телеграф“.
Назначувањето на внукот на регионалниот воен лидер да го води „Данон Русија“ доаѓа откако Путин во неделата потпиша указ за официјално преземање на контролата врз работењето на француската компанија. „Данон“ поседува брендови како „Алпро“, „Актимел“ и „Евијан“.
Кремљ ги презеде локалните операции на многу западни компании, кои решија да ја напуштат земјата по инвазијата на Украина, што предизвика обид на сојузниците на Путин да ја преземат контролата врз нејзините најпрофитабилни средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Италија во проблеми: младите работници бегаат во странство
Младите квалификувани Италијанци сѐ повеќе заминуваат во странство, што може скапо да ја чини италијанската економија.
Дури 40 отсто од вработените до 34 години имаат договори на определено или сезонски договори. За остатокот од работоспособното население тој процент е значително помал и изнесува 13 проценти.
Во Италија просечната годишна бруто-плата е околу 27.000 евра, што е дванаесет отсто помалку од просекот на ЕУ и 23 отсто помалку од германскиот просек. Вработените помлади од 34 години заработуваат во просек по речиси 16.000 евра. Постојаниот, добро платен договор е редок за младите луѓе во Италија.
Експертите забележуваат опасен развој за италијанската економија – сѐ повеќе добро образовани студенти емигрираат во странство, и до 20.000 годишно, а овие бројки се тројно зголемени во последните десет години.
Кристина Фрегуја раководи со секторот на пазарот на труд во агенцијата за статистика „Иста“. Таа забележува зголемени тешкотии кога станува збор за наоѓање и задржување квалификувани работници, особено на југот на земјата, кои се итно потребни за модернизација на економијата и економскиот раст.
Додека северот на Италија сè уште има корист од емигрантите од југот, овие традиционално помалку развиени делови од земјата губат десетици илјади работници секоја година.
Состојбата на италијанскиот пазар на труд е уште потешка за младите жени. Ним им се нудат договори на определено време многу почесто од нивните машки колеги. Слабата понуда на јасли и градинки, особено на југот, дополнително ги принудува младите жени да одлучуваат помеѓу семејството и кариерата.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на „Телеграм“ соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети, најверојатно, биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, биле и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на „Телеграм“ се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата „Телеграм“.
„Ројтерс“ сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.