Европа
Рим е добра основа да се излезе од кризата и да се направи иднина за ЕУ
Пред 60 години беше потпишан Римскиот договор. Тој беше основа за модерна Европска унија. По тој повод, во саботата во Рим секој од евролидерите направи своја оценка за постигнатото и грешките.
“Се разбира, ние не направивме ништо добро, а некои работи останаа недовршени, но имаме добра основа.
Ние, на пример, не помисливме за заштита на надворешните граници, воведувајќи слобода на движењето. А кога создадовме единствена валута, не ја направивме способна да издржи кризи, сега сепак ние создаваме банкарска унија и механизми за стабилизација “, изјави за време на средбата во Рим, Ангела Меркел.
Германскиот канцелар ја коментираше и болната тема за излегувањето на Лондон од ЕУ, откако стана јасно дека се очекува Брекзитот да започне на 29 март.
Меркел изјави дека на Велика Британија нема да и бидат направени никакви отстапки кои би можеле да го уништат слободното движење на стоки, лица, услуги и капитал во рамките на единствениот европски пазар. “Некои работи не се за продажба”, рече таа.
Со планирањето на иднината на Унијата, евролидерите не го пропуштија и чувствителното прашање за повлекувањето на Велика Британија од Семејството на 27-те.
Неколку дена пред да активира член 50 за излез од Заедницата, Лондон не испрати свој претставник во Рим.
Францускиот претседател Франсоа Оланд увери дека ќе се вложат напори “разводот” со Велика Британија да биде пријателски, но предупреди дека тоа нема целосно да биде безболно. “Тереза Меј е онаа којз избра да не е тука и Британците се оние кои одлучија да појдат кон друг пат, но ние треба да одржуваме добри односи. Франција е силно поврзана со Велика Британија “, истакна тој.
Брисел пак истакнува дека би можело да се даде подобар тон на почетокот на преговорите, ако Тереза Меј беше решила да дојде во Рим за прославата на годишнината. “Срамно е тоа што таа не е тука”, изјави висок европски службеник, цитиран од британскиот “Експрес”.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

