Европа
Со нож му се заканувал на 18-годишник: драма во воз во Штутгарт

29-годишен хрватски државјанин е уапсен во Еслинген, во близина на германскиот град Штутгарт, бидејќи е осомничен дека со нож му се заканувал на 18-годишник.
Кај уапсениот полицијата пронашла неколку ножеви, како и помала количина наркотици, јавува магазинот „Феникс“.
„Заканата со нож се случила во петокот вечерта околу 18 часот во возот меѓу Манхајм и Штутгарт и во возот меѓу Штутгарт и Еслинген. Според првичните информации, двајца мажи на возраст од 18 и 29 години првин вербално се судриле од непознати причини во возот на релација Манхајм – Штутгарт“, се вели во соопштението на германската полиција.
Полицијата соопшти дека мажот, 29-годишен Хрват, извадил нож од џебот и со него му се заканил на помладиот (18). Го следел во возот за Улм. Тој постојано му се заканувал со нож и го навредувал. Сведокот за сè го известил возачот.
Полицијата го фатила Хрватот кога возот застанал, а при претресот пронашла помала количина наркотици и неколку ножеви.
„Кој нож го користел 29-годишниот во овој инцидент во моментот е предмет на истрага на полицијата во Штутгарт“, се вели во соопштението на полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Романски пилот преживеал авионска несреќа, загинал неколку часа подоцна во друга

Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион загина во друга во Романија.
Уривањето на малиот авион ICP Savannah S се случи вчера околу 19 часот во општина Јуриловца на брегот на Црното Море во Романија кратко по полетувањето.
Загинатиот 54-годишен пилот имал искуство од повеќе од 200 часа летаље, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион кога летал со својот 18-годишен син.
Нивниот авион се превртел при слетувањето, но двајцата останале неповредени.
Тие повикале други пилоти да ги пренесат од местото на несреќата и отпатувале со посебни авиони, од кои едниот се урна, објави романската „Про ТВ“.
Двајца лица во авионот ги загубиле животите во несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
(Видео) Илјадници луѓе заглавени на руските аеродроми поради напади со дронови

Големи украински напади со беспилотни летала врз Русија резултираа со целосен хаос на главните аеродроми во Москва денес, при што илјадници патници чекаат во редови или спијат на подот од аеродромите откога летовите беа откажани или одложени, објавија руските медиуми.
Видеата објавени од руските медиуми покажаа луѓе како чекаат во редови или спијат на подот на „Шереметјево“, најпрометниот аеродром во Русија според бројот на патници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило 117 беспилотни летала преку ноќ, вклучувајќи 30 над Московскиот Регион, откога претходниот ден беа соборени 172 беспилотни летала, вклучувајќи исто така 30 над Московскиот Регион.
Moscow region, Russia ❗
✈️❌ A real collapse has formed at Sheremetyevo Airport! Hundreds of people have been crowding the airport for a whole day. Due to drone attacks, dozens of flights have been postponed or completely canceled. This is already the second collapse of the… pic.twitter.com/m5EgND4ni9— LX (@LXSummer1) July 20, 2025
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ накратко воведе ограничувања за ноќните летови на главните московски аеродроми: „Шереметјево“, „Внуково“, „Домодедово“ и „Жуковски“.
Неколку илјади луѓе беа блокирани на далечниот исток на Русија поради откажани летови во европскиот дел на Русија, а дополнителни возови беа пуштени во сообраќај за да им се овозможи на патниците да се вратат во Москва од северниот руски град Санкт Петербург, објавија руските медиуми.
Москва и околниот регион се дом на најмалку 21,5 милион луѓе.
Фото: принтскрин
Европа
Трагедија на Алпите: Британка загина за време на рафтинг

Британка загина во трагичен инцидент во француските Алпи додека била на рафтинг на реката Гуисан, во југоисточна Франција, откако паднала од сплав за време на спуштањето, изјави за АФП регионалниот обвинител Марион Лозакмер.
Британката била дел од организирана тура и паднала од чамецот на предизвикувачки дел од реката, објави локалниот весник „Ле Дофин“. Идентитетот на жената не е објавен.
Според извештаите на локалните медиуми, спасувачите ја пронашле на брегот на реката и таа била итно префрлена во блиската болница во критична состојба со хеликоптер.
И покрај напорите на лекарите, таа не можела да биде спасена. „Жртвата за жал почина“, потврди обвинителот Лозакмер.
Смртта на британскиот државјанин ја потврди и Министерството за надворешни работи на Велика Британија, кое соопшти дека е во контакт со француските власти.
Обвинителството започна истрага за сомнение за убиство од небрежност, а наредена е обдукција за да се утврди точната причина за смртта, додаде Лозакмер.
Фото: принтскрин