Европа
Судот го ослободи поранешниот чешки премиер од обвиненијата за измама со субвенции од ЕУ
Чешкиот суд го ослободи поранешниот премиер Андреј Бабиш од обвинението за наводна измама поврзана со субвенциите од ЕУ.
Обвинителството побара глоба и условна затворска казна за Бабиш обвинувајќи го дека незаконски присвоил околу два милиона евра наменети за изградба на рекреативно-конгресен центар во близина на Прага.
Бабиш, кој не беше присутен на изрекувањето на пресудата, од самиот почеток негира какви било неправилности и злосторства, а во петокот во завршниот збор пред судот рече дека неговиот случај е политички мотивиран.
„Целото судење беше наместено, тоа е од политичка природа, не беа презентирани докази“, изјави Бабиш за новинарите.
Со неговата партија АНО, која моментно е опозиција, 63-годишниот Бабиш сака да го добие претседателскиот мандат и да го замени својот чест сојузник Милош Земан, чиј мандат истекува во март. Пресудата може да ги зголеми шансите на Бабиш на изборите, а според анкетите, тој е многу близок со своите ривали Петар Павел и Дануша Нерудова.
Првиот круг од изборите се одржува в петок и в сабота и не се очекува да победи ниту еден кандидат. Вториот круг од изборите меѓу двајцата кандидати со најмногу гласови, најверојатно, ќе се одржи на 27 и 28 јануари, анализираат медиумите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Русија ја нападна Украина со 188 проектили, ракети и дронови, тврди Киев
Додека властите во Киев велат дека се пресретнати сите проектили насочени кон главниот град на Украина, се известува за штета од околните области.
Неименуван инфраструктурен објект е погоден на една локација надвор од Киев, а приватна куќа, нестанбена зграда и структура од типот на хангар на друга, соопшти регионалната администрација додавајќи дека две лица побарале лекарска помош.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 188 нападни воздушни средства – проектили и беспилотни летала – лансирани од Русија, пресретнале 76 крстосувачки ракети „Калибр“, три ракети „Кх-59/Кх-69“ и 35 дрона.
„Непријателскиот напад со проектили и беспилотни летала беа насочени кон енергетските капацитети на Украина“, се вели во соопштението.
Европа
(Видео) Експлозии во Краснодар, Русите тврдат дека ги собориле сите дронови
Руското Министерство за одбрана извести дека во текот на ноќта системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле 25 украински беспилотни летала над Кубан, Крим, како и регионите Брјанск и Ростов.
Како резултат на напад со дрон во Краснодарската област, една жена е повредена.
The Russian Ministry of Defense reported that overnight air defense systems intercepted and destroyed 25 Ukrainian drones over Kuban, Crimea, as well as the Bryansk and Rostov regions. As a result of a drone attack in the Krasnodar region, one woman was injured.
Footage shows… pic.twitter.com/AnXMM4ksUO
— ASTRA (@ASTRA_PRESS) November 28, 2024
Снимката покажува една од експлозиите во Славјанск-на-Кубан, регионот Краснодар.
Европа
(Видео) Русите објавија снимки од авионите што ја нападнаа Украина
Екипажот Су-34 нападна концентрација на персонал, оклопна и автомобилска воена опрема на украинските вооружени сили во пограничниот регион на областа Курск, објави руското Министерство за одбрана на својот канал на Телеграм.
Нападот беше извршен со воздушни бомби со универзален модул за планирање и корекција, додаваат од руското Министерство за одбрана.