Европа
Уапсени 10 пензионирани адмирали во Турција
Турската полиција уапси 10 пензионирани адмирали кои потпишаа писмо во одбрана на Конвенцијата во Монтре, пренесува Анадолија. Како што се наведува, во обвинителството се повикани на распит уште 4 адмирали.
Во неделата беше објавено писмо од 103 пензионирани турски адмирали, во кое Монтре се нарекува турска дипломатска победа, со која се враќаат суверените права на Анкара над Босфорот и Дарданелите и се потенцира недопуштеноста на дискусиите за ревидирање на договорот за проектот на каналот „Истанбул“ кој ќе поминува паралелно со Босфор и ќе ги поврзува Мраморното и Црното Mоре.
Во писмото се изразува мислење дека е потребно да се зачува постојниот Устав на Турција, во време кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган бара да се напише нов. Тие ги осудуваат обидите да се покаже како турските вооружени сили отстапуваат од заветот на основачот на републиката, Мустафа Кемал Ататурк.
Обраќањето на адмиралот веќе наиде на осуда од страна на претседателот на парламентот на Турција, Мустафа Шентоп, потпретседателот Фуат Октај, раководителот на одделот за комуникации во администрацијата на претседателот на Турција, Фахретин Алтун, портпаролот на претседател, Ибрахим Калин, и неколку министри.
Министерството за одбрана во писмената изјава наведе дека авторите во обраќањето биле заслепени од зависта и дека тие не сакаат да ги видат успесите на вооружените сили на земјата, туку сакаат само да ѝ наштетат на армијата и демократијата. Обвинителството во Анкара објави дека покренале истрага по овој повод.
Претходно, претседателот на Турција, Реџеп Таип Еердоган, изјави дека Конвенцијата во Монтре за режимот на минување на бродови преку Босфор нема да важи за новиот канал . Во исто време, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека проектот нема за цел Турција да ја поништи споменатата конвенција. Рускиот амбасадор во Турција, Алексеј Јерхов, рече дека изградбата на новиот канал нема да го промени меѓународниот правен режим на конвенцијата.
Да потсетиме, Конвенцијата во Монтре од 1936 година го дефинира статусот на Босфор и Дарданелите, а исто така го ограничува присуството на воени бродови на државите кои не се од Црното Море во водната област за период од три недели. Покрај тоа, конвенцијата предвидува дека до девет вакви бродови со вкупен тонаж што не надминува 30.000 тони може да бидат истовремено во Црното Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.

