Европа
Фијон реши да ја продолжи претседателската кампања
Иако изложен на силен притисок од десницата кога се обидува да го натера да се повлече, поранешниот француски премиер Франсоа Фијон, во неделата одби да ја повлече кандидатурата од претседателските избори, повторувајќи дека е невин во скандалот со наводното вработување на сопругата којшто ја парализираше неговата кампања.
Претходно во неделата 63-годишниот Франсоа Фијон го откажа учеството во емисија на радиото Europe1, а во Париз во близина на Ајфеловата кула по многу дождливо време одржа посетен собир на своите приврзаници.
Франција, особено конзервативниот и десниот дел од политичкиот спектар, беа во исчекување на неговиот настап на телевизијата France2, очекувајќи дека можеби ќе соопшти оти ги прифатил повиците да се откаже од кандидатурата во полза на 71-годишниот Ален Жипе, поранешен шеф на дипломатијата и исто така премиер, кого убедливо го порази на предизборите на десницата ланскиот ноември.
Во интервјуто за France2 Фијон беше директно прашан дали ќе се повлече. „Одговорот е не. Не гледам причина тоа да го сторам“, рече.
„Мојата кандидатура и натаму ја поддржуваат повеќето гласачи на десницата и центарот, тоа го мислам и тоа го покажав денеска попладнето“, рече Фијон во интервјуто по собирот на кој според процените на AFP се собрале повеќе десетици илјади негови приврзаници.
„Никој денеска не може да ме спречи да бидат кандидат (…) Мојата програма единствена може да овозможи закрепнување на земјата“, истана, додавајќи дека „нее аутистичен“ и дека добро ги согледува тешкотиите во кои се најде.
Околу 260 пратеници му ја ускратија поддршката по анкетите коишто покажуваат дека би можел да испадне веќе во првиот круг на 23-ти април и дека покрај сигурната патничка, според сите анкети, во вториот круг на 7-ми мај, челничката на крајната десница Национален фронт (FN), Марин Лепен, и Емануел Макрон, поранешен министер во владата на сегашниот социјалистички претседател Франсоа Оланд, кој даде оставка и се кандидира како независен кандидат на левиот центар.
Политичкиот комитет на партијата Републиканци, која го кандидираше Фијон, во понеделник навечер треба да се состане за да ја оцени состојбата по скандалот со наводното лажно вработување на неговата сопруга Пенелопа и нивните две деца, поради што конзервативниот кандидат најверојатно ќе биде под судска истрага.
Тројца регионални претседатели на десницата изјавија дека сакаат да се сретнат со Фијон, за да го наведат на „достоинствено повлекување“.
Фијон на митингот во неделата призна дека грешел и повтори пред приврзаниците дека е „чесен човек кој го мина животот служејќи за општото добро“.
Поранешниот шеф на дипломатијата и премиер Ален Жипе до кого многумина бараат да го замени Фијон, прво изјави дека тоа ќе го стори доколку овој се изјасни дека ќе се повлече, а потоа на Twitter објави дека изјава за новинарите ќе даде во понеделник, пренесува Reuters.
Жипе се огласи само неколку минути откако Фијон на телевизијата France2 изјави дека нема да ја повлече кандидатурата и дека кандидатурата на Жише не соодветствува на она што гласачите го рекле дека го сакаат кога го порази партиските предизбори.
„Доколку го сакаа проектот на Ален Жипе, ќе гласаа за Ален Жипе на тие избори“, рече Фијон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.
Европа
Мерц: Влезот на Украина во ЕУ во 2027 година не доаѓа предвид, тоа не е можно
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека пристапувањето на Украина во Европската Унија во блиска иднина не е можно.
„Пристапувањето на 1 јануари 2027 година не доаѓа предвид. Тоа не е можно“, рече Мерц по разговорите со коалициските партнери во Берлин.
Секоја земја што сака да се приклучи на ЕУ прво мора да ги исполни Копенхашките критериуми, процес што обично трае неколку години, истакна канцеларот.
Сепак, тој нагласи дека на Украина ѝ е потребна перспектива што ќе го отвори патот за пристапување на долг рок.
„Можеме постепено да ја доближиме Украина до Европската Унија за време на овој процес“.
„Тоа е секогаш можно, но толку брзо пристапување едноставно не е изводливо“, додаде Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повтори барањето на неговата земја за членство во ЕУ уште во 2027 година.
„Пристапувањето на Украина во Европската Унија е една од клучните безбедносни гаранции не само за нас, туку и за цела Европа“, напиша тој на платформата Икс по телефонскиот разговор со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
„Колективната сила на Европа е можна, особено благодарение на безбедносниот, технолошкиот и економскиот придонес на Украина“, истакна Зеленски.
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.

