Европа
„Фрижидерот ни е до половина полн, а дадовме 170 евра“: храната поскапе, но инфлацијата во Германија слабее
Годишната стапка на инфлација во Германија во мај падна на 6,1 отсто, објави денеска Федералниот завод за статистика „Дестатис“. Ова е конечниот резултат што е во согласност со претходната процена.
Априлската инфлација во Германија беше на ниво од 7,2 отсто, а стапката на инфлација во мај е најниска во последните 14 месеци, но сепак е значително повисока од посакуваните 2,0 отсто, што е целта на германската централна банка.
Во мај поскапувањата на енергентите беа значително помали од истиот месец минатата година, а најмногу поскапе храната – наведува претседателката на Федералното биро за статистика, Рут Бренд.
Инаку, жителка од Германија за „Телеграф бизнис“ вели дека храната е многу скапа во Германија, таа живее конкретно во Штутгарт.
„Фрижидерот не ни е целосно полн, а за оваа недела дадовме 170 евра“, посочува таа.
Цените на енергетските производи во Германија пораснаа 2,6 отсто на годишно ниво, што е значително побавен раст во однос на априлските 6,8 отсто, а овој резултат, пред сè, е последица на високиот базен ефект од минатата година.
Цените на храната во мај скокнаа 14,9 % на годишно ниво – нешто помалку од априлските 17,2 %, а цените на услугите пораснаа 4,5 % забавувајќи се од априлските 4,7 %. На месечна основа инфлацијата во мај падна 0,1 %, првпат по пет месеци, пренесуваат локалните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русинка му се заканува на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала музиката што ја пуштал
Во инцидент снимен од камерата во такси-возилото Русинка му се заканувала на таксист со мачета затоа што не ѝ се допаѓала денс-музиката на радиото.
Снимката, која стана вирална, ја покажува жената како ладнокрвно вади оружје и бара промена во музичкиот жанр, објавува „Фри прес журнал“.
Видеото ја покажува патничката, која изгледа дека е во своите 50-ти години, како мирно седи на задното седиште пред да извади голема мачета од чантата. Потоа го турнала оружјето меѓу предните седишта кон преплашениот возач барајќи да пушта балади.
😳 In Russia’s Samara region, a taxi passenger threatened the driver with a machete — demanding he play shanson
A taxi ride in the Samara region nearly turned into a bloody scene after a passenger pulled out a machete and began threatening the driver, insisting he change the… pic.twitter.com/WwMM7vnTNY
— NEXTA (@nexta_tv) November 13, 2025
„Не ми се допаѓа ваков вид музика“, му рекла таа на преплашениот возач, кој се стреснал и се повлекол. „Разбирам, разбирам. Ќе ја исклучам“, одговара тој. „Кога ќе ја вклучиш мојата омилена балада, ќе ја тргнам мачетата“, додала жената.
Возачот, во паника, застанал покрај патот со рацете во воздухот и бргу пронашол соодветна радиостаница. Дури тогаш патничката го спуштила оружјето. Инцидентот наводно се случил во рускиот град Самара, а возачот наводно подоцна ја оставил жената на локалните гробишта.
Вознемирувачката снимка стана вирална, па полицијата во Самара почна потрага по неидентификуваната жена. Иако возачот не поднел официјален извештај, службениците од полициската станица Смишљаевка потврдија дека го истражуваат случајот поради високиот јавен интерес.
фото: принтскрин
Европа
Мајка си го убила својот деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугија во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа.
Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се утврди, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.
Злосторството е откриено откога таткото на момчето се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.
Тој се јавил во полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Мугија, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.
фото: принтскрин
Европа
Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс
Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор (SMR), додека продолжува со плановите за проширување на нуклеарната инфраструктура на земјата.
Владата во јуни објави дека ќе потроши 2,5 милијарди фунти (2,8 милијарди евра) за SMR, кои се поевтини и побрзи за изградба од големите нуклеарни централи, во обид да ја зголеми енергетската безбедност и да помогне во исполнувањето на климатските цели.
Одлуката на Велика Британија да го избере Вилфа на Англеси, остров во северен Велс, како локација за својата прва SMR централа беше критикувана од американскиот амбасадор во невообичаено силна изјава пред објавувањето.
Соединетите Американски Држави се залагаа за голем проект во Вилфа, дом на стара нуклеарна централа која беше затворена во 2015 година.
Британската влада изјави дека проширувањето на нуклеарната програма би можело да вклучува изградба на нова голема електрана, додавајќи дека ѝ задала задача на државната компанија GB Energy-Nuclear да пронајде соодветна локација за голема електрана до есента 2026 година.
Во јуни, владата го избра дизајнот на Rolls-Royce за малите реактори. Новите мини-реактори таму ќе снабдуваат еквивалент на три милиони домови и ќе поддржат до 3.000 работни места во локалната заедница за време на изградбата, со планови за поврзување со мрежата во 2030-тите.
Во моментов во изградба се две големи нуклеарни централи во Велика Британија, една во Хинкли Поинт во западна Англија и една во Сајзвел во источна Англија.
фото: принтскрин

