Европа
Хил: Бомбардирањето на НАТО на Србија е дипломатски неуспех, граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават

Американскиот амбасадор Кристофер Хил го оцени бомбардирањето на НАТО на Србија како дипломатски неуспех, изрази сочувство до сите семејства на загинатите и истакна дека граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават тоа страшно време.
Денеска е годишнина од НАТО-бомбардирањето на Србија, а во оваа пригода американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, им порача на граѓаните на Србија никогаш да не го заборават тоа време.
„Својот живот ѝ го посветив на дипломатијата – наоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливите проблеми. Во текот на мојата кариера научив дека дипломатијата понекогаш не успева. Кога тоа ќе се случи, резултатите може да бидат трагични. Им изразувам лично сочувство на семејствата на оние што ги загубија животите за време на војните во 90-тите, вклучително и оние што се резултат на воздушната кампања на НАТО. Знам дека српскиот народ никогаш нема да го заборави тоа страшно време, ниту треба“, изјави Хил и додаде:
„Српскиот народ никогаш нема да ја остави тагата настрана, но верувам дека е доволно силен да се справи со неа. Посветеноста на САД на нашето партнерство со Србија е непоколеблива, како и нашата посветеност на дипломатијата. Заедно можеме да изградиме подобра иднина, која српскиот народ ја заслужува и ја посакува за идните генерации“, заклучи Хил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.