Европа
Холандскиот суд ѝ нареди на владата: Запрете го извозот на делови за авионите „Ф-35“ во Израел

Апелацискиот суд на Холандија денеска ѝ нареди на холандската влада да го блокира целиот извоз на делови за борбените авиони „Ф-35“ во Израел во рок од седум дена, пишува „Ројтерс“.
„Неоспорно е дека постои јасен ризик извезените делови на ‘Ф-35’ да се користат за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, истакна судот.
Тужбата против холандската влада беше поднесена од неколку групи за човекови права, вклучително и холандскиот разгранок на „Оксфам“, минатиот декември. Понискиот суд претходно не ѝ нареди на холандската влада да го запре извозот, иако рече дека, најверојатно, „Ф-35“ придонеле за прекршување на воените закони.
Тој исто така рече дека земјата има голем степен на слобода кога ги мери политичките прашања при одлучувањето за извозот на оружје. Ваквиот аргумент беше отфрлен од апелацискиот суд, кој вели дека политичките и економските интереси не го поништуваат јасниот ризик од кршење на правилата на војната.
Апелацискиот ниот суд исто така рече дека е веројатно оти „Ф-35“ биле користени во нападите врз Газа, што довело до неприфатливи цивилни жртви. Тој го отфрли и аргументот на холандската држава дека не мора да прави нова верификација на извозната дозвола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија.
„Вечерта на 22 јули 2025 година, борбениот авион Мираж-2000 доживеа технички дефект за време на мисија за обука“, се вели во соопштението на социјалната мрежа Телеграм.
A Ukrainian Air Force Mirage 2000 crashed due to equipment failure shortly after taking off from Dubno Air Base in Rivne.
The pilot successfully ejected pic.twitter.com/LhF4zCc35X— VolgaLad (@cym27s) July 22, 2025
Пилотот веднаш ја известил контролата на летање и ги следел процедурите за итни случаи, успешно катапултирајќи се од авионот.
Екипите за пребарување и спасување го лоцирале пилотот во стабилна состојба, а нема пријавени жртви или штети на земја, според воздухопловните сили.
Формирана е посебна комисија за да ја испита причината за несреќата.
Фото: принтскрин
Европа
Почина претседателката на рускиот Врховен суд

71-годишната претседателка на Врховниот суд на Русија, Ирина Подносова, почина во Москва по тешка болест, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Подносова го водеше највисокото судско тело на Русија од 17 април 2024 година кога беше назначена како единствена жена кандидат и номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Таа ја презеде функцијата по смртта на Вјачеслав Лебедев, кој беше претседател на Врховниот суд од 1991 година.
Судијката се бореше со болест повеќе од една година, објави руската новинска агенција РБК. ТАСС соопшти дека починала од рак.
Подносова дипломирала на Правниот факултет на Ленинградскиот државен универзитет во 1975 година, и тоа истата година кога и Путин. Таа работеше во Врховниот суд од 2020 година кога стана заменик-претседател специјализирана за економски спорови и арбитражни случаи.
Рускиот весник „Комерсант“ напиша во тоа време дека Подносова немала искуство во арбитража, но се сметала за влијателна личност во руските судски структури. Изворите на весникот велат дека „сите разбираат кој стои зад неа“.
Врховниот суд е суд од последна инстанција во Русија. Неговите 115 члена ги номинира рускиот претседател и ги назначува Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент.
Фото: принтскрин
Европа
Русите влегоа во Покровск

Војници интервјуирани од „Украинска правда“ открија дека првите руски пешадиски единици влегле во Покровск пред пет дена, на 17 јули.
До вечерта на 21 јули „Дип стејт“ објави дека операцијата за расчистување на руските саботажни групи сè уште е во тек.
„Пред неколку дена непријателот ја искористи можноста – поради исцрпеноста на една украинска бригада и погрешната процена на ситуацијата на терен – успеа да влезе во градот преку селото Звирово. Кризата мораше бргу да се реши благодарение на храброста на членовите на 155. независна механизирана бригада и на 68. стрелачка бригада со цел да се спречи потенцијална катастрофа“, се вели во извештајот на „Дип стејт“.
Беше нагласено дека Русите имале намера да ги консолидираат своите позиции, да чекаат засилувања и да ја преземат контролата врз улицата Бранители на Украина.
До вечерта на 21 јули потрагата по руски саботажни групи и нивното уништување сè уште траеше.
„За жал, имаме и загуби. Покрај тоа, има сè повеќе инциденти на пријателски оган – сите бргу беа свесни за присуството на извидувачки и саботажни групи, но малкумина ги знаеја точните рути или позиции на кои се наоѓаат. Во такви ситуации потребен е трезен пристап“, додаваат од „Дип стејт“.
Аналитичарите на „Дип стејт“ исто така забележаа дека на интернет веќе се појавија снимки на кои се гледа руска заседа на украински војници на раскрсницата на улицата Шевченко и улицата Бранители на Украина.
Зошто е важен Покровск?
Покровск е град во источна Украина, сместен во западниот дел од Донецката област, на крстосницата помеѓу разурнатиот од војната Донбас и постабилните области на запад. Пред инвазијата тој беше регионален транспортен центар со важна железничка и патна инфраструктура, а денес е еден од клучните градови контролирани од Украина во регионот.
Неговата близина до бојното поле му дава стратешка важност бидејќи контролата врз Покровск овозможува подобра одбрана на западен Донбас, но исто така потенцијално отвора пат за руските сили подлабоко во Украина доколку го освојат.
За време на војната, Покровск стана логистички и хуманитарен центар – евакуира цивили од опасни зони, координира испораки на помош и населби за бегалци и служи како резервен центар за украинската војска.
Во исто време, често е цел на руски ракетни и беспилотни напади во обид да се ослабне украинската логистика и да се заплаши населението. Во симболична смисла, Покровск исто така претставува отпор кон рускиот обид целосно да го окупира регионот Донецк, што му дава на неговата одбрана дополнителна политичка тежина.
Фото: принтскрин