Европа
Шведската армија подвргната на масивен кибернетички напад

Шведските вооружени сили неодамна биле изложени на голем кибернетички напад поради кој паднал информатичкиот систем користен во текот на воените вежби, објави во средата дневниот весник Dagens Nyheter
Кибернетичкиот напад, кој бил насочен кон системот Caxcis IT, за весникот го потврдил портпаролот на вооружените сили Филип Сајмон (Philip Simon).
Станува збор за систем за оперативно планирање, но нападот не влијаел врз оперативните способности, но во секоја форма на влијание тоа е сериозно, посочил Сајмон.
Системот од тогаш е згаснат, додал Сајмон, но не сакал да го наведе кои натамошни мерки би можеле да бидат преземени, кога се случил овој кибернетички напад, кога системот е згаснат, ниту дали вооружените сили на Шведска занаат кој стои зад тој напад.
Весникот истакнува дека кибернетичкиот напад бил изведен во моментите кога министерството за одрана во Стокхолм ги планира големите воени вежби „Aurora 17“, во која ќе учествуваат 19.000 војници од Германија, Данска, Норвешка, САД, Финска, Франција и Естонија.
Агенцијата Reuters потсетува дека компјутерската мрежа во Шведска во минатата 2016 година била подложена на повеќе од 100.000 кибернетики напади изведени од страна на различни тајни служби и организации, поврзани со странски држави.
Аналитичарите на Радиокомуникациската служба на шведската одбрана претпоставуваат дека нападот е изведен или за кражба на чувствителни информации или, пак, за користење на шведските компјутерски системи за изведување акции во трети земји, пренесува агенцијата TT. Се истакнува и дека спротиставувањето на ваквите напади е многу сложена операција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини за недостатокот на пристаништа или алтернативни цевководи“.
Унгарскиот премиер денес објави, речиси синхронизирано со обвинувањата на шефот на дипломатијата Петер Сијарт, видео на платформата Икс во кое тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп препознал дека Будимпешта „нема алтернатива на рускиот гас и нафта“.
„Унгарија е без излез на море. Како што правилно истакна претседателот Доналд Трамп: Не можеме да бидеме виновни за недостатокот на морски пристаништа или алтернативни цевководи и го цениме неговото препознавање на оваа реалност“, рече тој. Трамп претходно рече дека сите европски земји треба да престанат да купуваат руски енергетски производи.
„Ако бидеме отсечени од руска нафта и гас, нашата економија би паднала за 4%, семејствата би страдале, а сметките за енергија би се зголемиле. Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место“, додаде Орбан, пренесе ХРТ.
фото: принтскрин
Европа
Украина возвраќа на Унгарија: На тројца воени функционери им е забранет влез

Украина им забрани на тројца високи унгарски воени функционери да влезат на нејзина територија, реагирајќи на слична одлука на Будимпешта, што означува нова епизода во затегнатите односи меѓу двете соседни земји.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја потврди мерката на платформата Икс. „Воведовме забрана за влез на тројца високи унгарски воени функционери“, напиша тој, додавајќи дека ова е одговорот на Украина на потезите на Будимпешта.
„Секој чин на непочитување од Унгарија ќе добие соодветен одговор, особено непочитување кон нашата армија“, рече украинскиот министер.
Односите дополнително се влошија во август кога Унгарија, еден од ретките сојузници на Москва во Европа, го прогласи високиот украински офицер Роберт Бровди, член на унгарското малцинство во Украина, за персона нон грата. Будимпешта го обвини за оркестрирање на нападот врз рускиот нафтовод „Дружба“, со што се прекинаа руските испораки на нафта.
фото: принтскрин
Европа
Украинците: Русите имаат стратегија за недостиг на вода во Донецк – чекаат дожд

Центарот за национален отпор (CNO) извести за новата стратегија на Русија во врска со снабдувањето со вода во привремено окупираните области на Донецката област. И покрај критичниот недостиг на вода, единствениот план на Кремљ беше да почека есенски и зимски врнежи, извести CNO, пренесува UNN.
Според експертите, во резервоарот Старокримски остануваат само 15 % од резервите на вода – приближно 7 милиони тони наместо потребните 45 милиони. Уште девет резервоари се исушија, а бунарите исто така се сушат.
🚱 Kremlin’s new “strategy” for water shortages in occupied Donetsk region? Just wait for rain.
The Staryi Krym reservoir is down to 15% of capacity — only 7M tons left out of 45M. Nine other reservoirs have dried up, wells are disappearing.
Moscow once again condemns people on… pic.twitter.com/B3ejrIi204
— The National Resistance Center of Ukraine (@ResistanceMove3) September 25, 2025
„Кремљ уште еднаш докажува дека жителите на привремено окупираните територии се осудени на преживување, додека Москва се занимава само со извоз на ресурси и пропагандни слики“, нагласи CNO.
Според податоците од Градскиот совет на Мариупол во август, водата во градот се испорачува само еднаш на секои два дена и максимум четири часа.
Подоцна, во контекст на хуманитарната катастрофа со водоснабдувањето, привремено окупираните територии на Украина се соочија со остар скок на цената на увезената вода – за само неколку дена цената се зголеми од 50 на 80 рубли (од 0,51 на 0,81 евро) за шише од пет литри.
фото: принтскрин