Европа
14-годишна девојка во Ирска почина кога се обиде да сними опасен интернет-предизвик

14-годишна ирска тинејџерка почина кога се обиде да го направи виралниот предизвик на „Тик-ток“ – „хромирање“.
Полицијата во Ирска сега ја истражува причината за смртта на Сара Мескал, која колабирала кога се обидела да го сними предизвикот.
Во тешка состојба била префрлена во болница, била во индуцирана кома, но набргу починала.
Предизвикот за хромирање на „Тик-ток“ привлече многу загриженост бидејќи е прогласен за опасност за здравјето.
Тоа вклучува вдишување дезодоранси и други токсични материи, кои потенцијално може да доведат до смрт. „Хроминг“ е жаргонски термин што се користи во Австралија за да се опишат опасните активности. Предизвикот вклучува вдишување испарувања од штетни материи, како што се спрејови или лименки со боја.
По смртта на Сара, се огласи и ПР на „Тик-ток“ и негира дека овој тренд се појавил на оваа платформа.
„Сакаме да изразиме сочувство до семејството на починатото девојче. Сакаме да нагласиме дека овој опасен предизвик е строго забранет на нашата платформа и дека секоја содржина на оваа тема што ќе ја најдеме веднаш се отстранува“, објавија тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Мајка чиј син го преживеал масакрот во Грац: Ми се јави, мислеше дека ќе умре

Мајката на еден од учениците кои го преживеаа масакрот во средното училиште во Грац, за „Скај њуз“ го раскажа тажниот момент кога нејзиниот син ѝ кажал дека е во средината на пукањето.
„Ми се јави од училиште и ми рече дека пукаат. Мислеше дека ќе умре. Два часа подоцна конечно дознав дека е жив“, рече таа.
Mother of a student who was caught up in a deadly school shooting in Austria speaks about the moment she heard of the incident.
Follow our live blog for more updates: https://t.co/OZqUGhULqR
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/u6NBXCmIjo
— Sky News (@SkyNews) June 10, 2025
Според австриските медиуми, вооружениот напаѓач е 21-годишен поранешен ученик во училиштето. Тој отворил оган во две училници, а потоа се заклучил во училишниот тоалет, каде што властите велат дека бил пронајден мртов.
Најмалку 12 лица се повредени во нападот, од кои неколку се борат за живот.
Европа
(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши самоубиство. Истражителите пронајдоа самоубиствена порака во неговиот дом.
Полицијата претходно објави дека 21-годишниот австриски напаѓач бил пронајден мртов во училишниот тоалет и дека дејствувал сам. Влегол во училиштето со пушка и пиштол и отворил оган.
Тие не можеле да дадат информации за мотивот бидејќи сè уште се потребни обемни кривични истраги.
Exklusives Video:💥Hier hört man die Schüsse in der Grazer Schule
Schockierend! AUF1 hat soeben ein exklusives Video erhalten, in dem die Schüsse in der Grazer Schule zu hören sind. Das Video wurde in einem Klassenzimmer des BORG gefilmt.
👉🏻 AUF1 bleibt für Sie dran – folgen… pic.twitter.com/xJ0r7glyCK
— AUF1 (@AUF1TV) June 10, 2025
Бројот на жртви расте
Уште едно лице кое беше повредено во пукотницата почина, соопшти Универзитетската болница во Грац.
Тие рекоа дека станува збор за возрасно лице.
„Еден од двајцата тешко повредени возрасни лица за жал почина во Универзитетската болница во Грац“, се вели во соопштението на болницата.
Со ова, бројот на жртви се искачи на 11, вклучувајќи го и напаѓачот.
Европа
ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор.
„Предлагаме 18-ти пакет строги санкции, насочени во суштина кон два сектора, рускиот енергетски сектор и банкарскиот сектор. Ги прошируваме забраните за извоз и ги зајакнуваме мерките против заобиколување на санкциите“, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Извршното тело на ЕУ за прв пат предлага забрана за трансакции со гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“, како и намалување на максималната цена по која може да се продава руска нафта од 60 на 45 долари за барел.
Намалувањето на максималната цена за продажба на руска нафта е мерка усвоена од групата Г7, која ќе разговара за тоа на самитот во Канада оваа недела.
Новиот пакет санкции вклучува дополнителни 77 бродови кои се дел од таканаречената руска флота во сенка, бродови кои пловат под знамиња на трети земји и кои ги користи Русија за заобиколување на санкциите. На листата веќе има 342 брода.
Фон дер Лајен изјави дека на почетокот на војната, руските приходи од извоз на енергија во Европа изнесувале 12 милијарди евра месечно, но благодарение на досегашните санкции, тие паднале на 1,8 милијарди евра. „Тоа е сè уште премногу“, рече таа, додавајќи дека една третина од приходите на Русија доаѓаат од продажба на нафта.
Во банкарскиот сектор, ЕК ја проширува забраната за пристап до SWIFT, систем за размена на комуникации меѓу банките, до целосна забрана за трансакции.
Се предлага и забрана за извос во Русија во вредност од над 2,5 милијарди евра, што би го оневозможило пристапот на руската економија до критични технологии и индустриски стоки, вклучувајќи машини, метали, пластика и хемикалии.
Со неа се ограничува и извозот на стоки и технологии со двојна употреба што се користат за производство на беспилотни летала, ракети и други системи за оружје. Санкциите се насочени и кон 22 руски и странски компании кои обезбедуваат директна или индиректна поддршка на рускиот воено-индустриски комплекс.
Земјите-членки, кои треба едногласно да го потврдат пакетот санкции, започнуваат дискусии за предлогот оваа недела.