Контакт

Европа

Претрес кај најбогатата Французинка

Објавено пред

Француската полиција денеска врши претрес во канцеларијата на финансискиот советник на најбогатата Французинка во рамките на истрагата на скандалот, кој вклучува и тврдења за незаконско финансирање на претседателската кампања на шефот на државата Никола Саркози

Како што јави Аssociated Press, три комбиња со полицајци ја опколија зградата во париското предградие Нели сур Сен и започнаа претрес на канцеларијата на Патрис де Мајстр, главен финансиски советник на наследничка на козметичката империја Л’ореал Лилијан Бетенкорт.Француските власти ги пребаруваат сметките на Бетенкорт во странски банки и наведуваат дека тајно давала пари за претседателската кампања на Саркози во 2007 година. Овие недокажани тврдења, кои Саркози веќе ги отфрли, се дел од поголем скандал, кој ја тресе конзервативната француска влада.Вредноста на компанијата Л’ореал се проценува на 13,4 милијарди долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Конте: ЕУ ризикува пропаст доколку не им помогне на земјите-членки

Објавено пред

Италијанскиот премиер Џузепе Конте смета дека Европската унија ризикува да пропадне како проект поради кризата со коронавирусот.

Тој во интервју за Би-би-си вели дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од пандемијата.

Конте исто така рече дека ЕУ треба да се соочи со предизвикот, кој го карактеризира како најголемиот тест по Втората светска војна.

Италија и други земји од ЕУ се обидуваат да ја убедат Унијата да издаде т.н. коронаобврзница, односно сите земји да прифатат распределба на отплатата на долгот.

„Ако не ја искористиме шансата да внесеме нов живот во европскиот проект, ризикот од колапс е реален“, смета премиерот на Италија, која е најтешко погодената европска земја од вирусот.

Италија доби медицинска помош од Кина, Куба и Русија, а на прашањето дали руската помош за Италија била условена, можеби со поддршка од Рим за укинување на санкциите за Москва, Конте одговара дека ваквите инсинуации се длабоко навредливи за него.

„Тоа е навреда за италијанската влада и исто така и за Владимир Путин кој никогаш не помислил оваа ситуација да ја искористи како предност“, рече Конте.

Прикажи повеќе...

Европа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Објавено пред

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано, а концертот, според најавата, треба да биде симбол на љубовта, заедништвото и заздравување во ерата на коронавирусот и ќе се пренесува преку интернет.

Бочели ќе го придружува само катедралниот оргулист Емануеле Вијанели и заедно ќе изведат дела од сакрална музика, вклучувајќи ја и „Санта Марија“ од Пјетро Маскањи.

Концертот ќе се емитува на јутјуб-каналот на Бочели.

„Чест и задоволство ми е што бев поканет од Градот и од катедралата. Верувам во моќта на групната молитва, верувам во Велигден, универзален симбол на повторното раѓање, што сега ни е потребно на сите, и на верниците и на оние што тоа не се“, рече славниот тенор.

Италија сè уште има најголем број смртни случаи на коронавирус, повеќе од 17.000, а особено тешко беше погодена Ломбардија, регионот чиј главен град е Милано.

„Оваа година Велигден ќе биде поинаков од вообичаеното. Сигурен сум дека извонредниот глас на Бочели ќе може да го загрее срцето на Милано, Италија и на светот“, рече градоначалникот Џузепе Сала.

Прикажи повеќе...

Европа

Сунак: Премиерот Џонсон останува во болница, но се чувствува добро

Објавено пред

Премиерот на Велика Британија и понатаму останува на интензивна нега. Неговата состојба се подобрува, може да седи на кревет, изјави министерот за финансии, Риши Сунак.

„Најновите информации се дека премиерот останува на интензивна нега во болница, а неговата состојба се подобрува“, рекол Сунак, пренесе „Ројтерс“.

„Можам и да ви кажам дека седеше на кревет и дека соработува со медицинскиот тим“, додал тој.

Претходно, портпаролот на Џонсон рече дека тој реагира добро на терапијата што ја прима во болницата „Сент Томас“ и додал дека е добро расположен.

Џонсон на 27 март објави дека има коронавирус и дека имал благи симтоми. Пред два дена тој беше пренесен во болница.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија18 минути

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет46 минути

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа скоро 2000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред.Според податоците на универзитетот Џон Хопкинс, во...

Регион54 минути

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет1 час

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа4 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија13 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа15 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа15 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија15 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија16 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија18 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет18 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија19 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет19 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија19 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет23 часа

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет23 часа

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Македонија24 часа

Скопјанец потпишал изјава за изолација, па отишол да пазари во маркет

Скопското основнo јавно обвинителство предлага казна за човек кој ја прекршил мерката за самоизолација, откако од Словенија се вратил во...

Свет24 часа

Главниот научник во ЕУ поднесе оставка

Главниот научник во Европската Унија поднесе оставка, обвинувајќи го Брисел поради одговорот на кризата со коронавирусот, нарекувајќи го „разочарувачки“, објави...

Свет1 ден

Борис Џонсон е во стабилна состојба

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина и втората ноќ на интензивна нега, каде прима соодветна терапија поради коронавирусот. „Господинот Џонсон...

Досие