Европа
Берлускони се чувствува како Израелец
Италијанскиот премиер Силвио берлускони изјавил дека се чувствува како Израелец за време на собирот во знак на поддршка на Израел во центарот на Рим
„Посетата на концентрациониот логор во Аушвиц, како и ужасот и варварството на холокаустот, влијаеја во мене да се роди чувство на неизбришлива солидарност. Оттогаш се чувствувам како Израелец“, рекол Берлускони во пораката пред насобраните луѓе. „Безбедноста на Израел внатре, во рамки на своите граници и нејзиното право да постои како еврејкска држава за нас Италијанците претставува етички избор и морален императив против секакво враќање на антисемитизмот . За нас е неприфатливо да се заканува некој со уништување на израел, додал Берлускони. Берлускони изразил желба што поскро да се најде решение за израелско-палестинскиот спор
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Лавина уби тројца скијачи во Италија, ги влечела стотици метри надолу
Лавина вчера погоди група од пет скијачи во северниот италијански регион Пиемонт, при што загинаа тројца од нив, соопштија спасувачите.
Двајца преживеале и со хеликоптер биле пренесени во болница. Лавината околу пладне ја погоди источната страна на планината Пунта Валгранде, на границата меѓу Италија и Швајцарија.
In Piemonte una valanga travolge un gruppo di scialpinisti italiani. I corpi delle tre vittime trascinati nella neve per centinaia di metri. La valanga si è staccata da Punta Valgrande, a Trasquera, a 2800 metri pic.twitter.com/d7iE1qnoYl
— Tg3 (@Tg3web) January 12, 2025
Лавината неколку стотини метри ги влечеше скијачите кои загинаа по удолницата, нанесувајќи им фатални повреди.
На подрачјето над 2.100 метри е издадено предупредување за „значителна опасност од лавина“.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.