Контакт

Европа

Пожар го зафати покривот на главната железничка во Истанбул

Објавено пред

Голем пожар избувна денеска на главната железничка станица во Истанбул, но уште не е познато дали има жртви. Според очевидците, огнот го зафатил покривот на познатата железничка станица „Хајдарпаша во азискиот дел на Истанбул, пренесува агенцијата Reuters

Железничката станица, ја изградиле германски архитекти во почетокот на XX век, и е главниот железнички терминал кој го поврзува Истанбул со останатиот дел на Турција. Локалната телевизија пренесе дека во тек било реновирањето на покривот во време на избувнувањето на пожарот, а дека противпожарните служби соопштиле дека пожарот се заканувал да го уништи целиот објект.Шефот на турската комора на архитекти, Ејуп Мумки, изјавил за телевизијата НТВ дека железничката зграда, која се смета за историски споменик, лежи на околу 220 дрвени греди и дека е потребно итно да се изгасне со вода или пена за гаснење пожар, пренесува агенцијата АP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германската полиција уапсила крадец, испаднало дека им бил колега

Објавено пред

Германската полиција во Берлин уапсила 30-годишен колега од Бамберг, кој е осомничен за неколку кражби, пренесува Б92.

Уапсениот полицаец веќе подолго време бил на боледување, соопштила полицијата.

Тој е осомничен дека, заедно со еден соучесник, кој исто така е уапсен, извршил повеќе злосторства во Баварија.

Наводно, на 14 јануари во Бамберг тој насилно украл скап мобилен телефон од една жена, што потоа преку интернет го понудил на продажба.

Истата вечер тие украле автомобил од една личност во Швајнфурт.

Следниот ден со тоа возило влетале во излогот на една златарница во Бамберг и украле накит вреден повеќе од 100.000 евра.

Прикажи повеќе...

Европа

Исланд почна да издава потврди за вакцинација со цел да се олесни патувањето

Објавено пред

Исланд почна со издавање на првите сертификати за вакцинација со цел да им се олесни патувањето на оние што се заштитиле од Ковид-19, соопштија денеска тамошните власти.

Речиси 4,8 илјади луѓе на Исланд примиле по две дози од вакцината против Ковид-19 и добиле потврда на платформата достапна на интернет од минатиот четврток, изјави исландската министерка за здравство за „Франс прес“.

Таа посочила дека целта е повторно да се овозможи циркулација на жителите иако исландскиот сертификат во моментот важи само за патувања во таа островска држава.

Исланд планира да прима граѓани на земјите од ЕУ кои ќе почнат сличен механизам или ќе го преземат механизмот што би бил воспоставен од Светската здравствена организација (СЗО).

Исланд не е дел од ЕУ, но се наоѓа во шенген-зоната за слободно движење, што е ограничена со мерките за борба против коронавирусот.

Расправата за т.н. ковид-пасоши, што ќе го олеснат патувањето, во моментот е тема на дебата во рамките на ЕУ, но прашањето е далеку од консензус.

Земји како Грција се залагаат за такво решение за спас на својот туристички сектор, но од друга страна, Франција и Германија сметаат дека е прерано за ваква дебата.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија следниот месец ќе почне со производство на втората вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Русија во февруари ќе почне со масовно производство на својата втора вакцина против Ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата почна масовна кампања за вакцинација.

„Следниот месец ќе почнеме со масовно производство на вакцината ‘епивакорона’“, рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милион евра за оваа намена.

По „спутник В“, ова ќе биде втора руска вакцина против Ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе во светот.

Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. За време на Советскиот Сојуз оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.

Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација бидејќи Русија првпат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.

Официјалните податоци, кои се ажурираат секојдневно, покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени од коронавирус, од кои 70.482 починале.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ4 часа

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа4 часа

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија7 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет7 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа7 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа8 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија9 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија9 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа10 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа10 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија11 час

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија11 час

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија11 час

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа12 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет12 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет23 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет1 ден

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија1 ден

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет1 ден

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Досие