Европа
Берлускони: Сè уште не е време за преговори за Либија

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони денеска оцени дека е премногу рано за преговори во врска со конфликтот во Либија, затоа што либискиот лидер Моамер ел-Гадафи уште мисли дека може да победи
„Во овој момент никој не може ништо да каже за сигурноста за тоа прашање и должината на мисијата. Ми се чини дека сè уште не е созреан моментот за преговори. Рускиот премиер, Владимир Путин, истото го мисли. Гадафи уште мисли дека може да победи бидејќи целосно ја контролира престолнината Триполи“, изјави Берлускони за изданието на Corriere della sera од четвроткот.Меѓународната заедница сака да издејствува кај либискиот лидер „вистински прекин на огнот“, додаде италијанскиот премиер, чија земја учествува во меѓународната коалиција против Либија.„Крајот на непријателството е услов без кој не може да има никакво посредување, а потоа можеме да ја отвориме фазата на дипломатија“, изјави италијанскиот премиер Силвио Берлускони.Италија ставила на располагање седум бази за интервенција против либискиот лидер полковникот Моамер ел-Гадафи и ангажирала осум воени авиони, но Берлускони истакна дека земјата не е во војна со Либија.„Коалицијата е ангажирана во одбрана на цивилното население, Италија не влезе во војна и не ни сака да влезе“, додаде Берлускони.Берлускони повторно се изјасни за единствена команда под водство на НАТО, што дава „извесен отпор“ само на Франција.Меѓународната коалиција предводена од Велика Британија, Франција и САД во саботата започна воена интервенција во Либија, со цел да се осигура зоната за забрана на летање над таа земја и да ја спречи, како што е наведено, репресијата на силите на Гадафи над цивилите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австриски Тирол стана едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој во Европа

Австрија ќе добие дополнителни 100.000 дози од вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19.
Овие дози ќе служат за да се вакцинираат возрасните во алпскиот регион Тирол, едно од најголемите жаришта на јужноафриканскиот сој на коронавирус во Европа, соопшти денеска владата.
Минатиот месец австриската влада воведе негативен тест на коронавирус како обврзувачки за напуштање на Тирол.
Студиите покажуваат дека постојните вакцини може да бидат помалку ефикасни против оваа варијанта.
„Нашата цел е да го потиснеме овој вид најдобро што можеме. Овој вид коронавирус претставува закана за сите нас, не само во Тирол туку и во цела Австрија“, рече канцеларот Себастијан Курц.
Курц додаде дека ќе бидат спроведени истражувања за да се утврди дали вакцината на „Фајзер“ е ефикасна против јужноафриканскиот сој до степен до кој владата очекува.
Европа
Џонсон: Го осудивме убиството на Кашоги, повикуваме на истрага

Велика Британија го осуди убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и продолжува да бара целосна истрага за неговата смрт, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.
Тој зборуваше на прес-конференција во Лондон, на која беше запрашан дали Велика Британија ќе ја прекине продажбата на оружје на Саудиска Арабија поради конфликтот и хуманитарната криза во Јемен, каде што саудиската коалиција се бори против јеменските бунтовници на страната на меѓународно признатата влада.
Џонсон истакна дека Велика Британија го почитува долгогодишниот пакет-правила и конвенции за продажба на оружје.
Европа
Словачка воведува полициски час

Словачка од вечерва ќе воведе полициски час, изјави министерот за здравство, Марек Крајчи.
Според владината одлука, на Словаците нема да им биде дозволено да ја напуштат куќата од 20 до 5 часот наутро.
На луѓето им се препорачува да останат дома, исклучок е доколку треба да одат на лекар, на работа или на прошетка за рекреација или со кучиња. Полицискиот час ќе биде задолжителен до 19 март и може да биде продолжен, известуваат од владата на Словачка.
Земјата со 5,4 милиони жители во последните две недели има пријавено просечно 24 смртни случаи на 100.000 жители, јавуваат светските агенции.
„Високата стапка на смртност се должи на многу фактори, Словачка направи голем број грешки“, рече претседателот на медицинскиот синдикат, Питер Висолајски.
„Карантинот беше воведен предоцна и не беше доволно набљудуван. Покрај тоа, стапката на смртност е последица на општо лошата здравствена состојба во Словачка“, рече Висолајски.
Според него, наместо да се воведуваат нови ограничувања, подобро е да се применат постојните за да се намали бројот на заразени лица.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер