Европа
Серија од над 40 земјотреси во Италија
Повеќе од 40 последователни потреси се регистрирани минатата ноќ во северниот италијански регион Емилиа-Ромања, којашто во вторникот беше погодена од катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 5,8, јави Националниот институт по геофизика и вулканологија.
Според службата за цивилна заштита на Италија, во земјотресот загинале, според последните потврдени податоци, 16 лица а едно лице сé уште се води како исчезнато, а повеќе од 350 се повредени.
Најмоќните потрес со магнитуда од 3,4 степени според Рихтеровата скала биле регистрирани од сеизмолозите во провинцијата Модена во 3.54 часот по локално време.
Спасувачите продолжуват да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани. Во вторникот навечер, 12 часа по првиот потрес, тие успеајае да извадат од под урнатините на една станбена куќа во селото Кавецо 65-годишна жена, кој во моментов е сместена во болница.
Повеќето од жртвите се работници во локалните претпријатија. Катастрофата ги затекнала на нивните работни места, а врз нив се уривале таваните коишто не можеле да го издржат потресот.
Италијанската влада минатата седмица прогласи вонредна состојба во два региона, Емилиа-Ромања и Ломбардија, коишто настрадаа во разурнувачкиот земјотрес со магнитуда од 6 степени по Рихтер од 20-ти мај. Одлуката, како што беше претходно најавено, беше донесена на редовна седница.
Според соопштението на владата на Италија, вонредната состојба којашто е воведена за следните 60 дена, стапува на сила за трите провинции на Емилиа-Ромања: Болоња, Модена, Ферара, како и во провинцијата Мантуа, којашто се наоѓа во регионот Ломбардија.
Италијанската влада, исто така, одлучи да издвои 50 милиони евра од националниот фонд за Цивилна одбрана за да им се помогне на погодените региони.
Во ноќта на 20-ти мај, областа на 36 километри северно до градот Болоња, беше погодена од земјотрес со магнитуда од 6,0 степени по Рихтер. Тогаш беа урнати десетици фабрики, семејни куќи и стари цркви, а загинаа седум луѓе, додека 50 беа повредени.
Во средата, владиниот кабинет на Италија донесе одлука да се преземат итни мерки за надминување на последиците од природните катастрофи, како и за доделување помош на жртвите од земјотресот, а владата го прогласи 4-ти јуни за национален ден на жалост.
Во моментов без покрив над главата во северна Италија останаа повеќе од 14 илјади луѓе./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

