Европа
Грузиски избори: дуел меѓу автократот Саакашвили и милијардерот Иванишвили
Грузијците во понеделник избираат пратеници за 150-члениот парламент, десет дена по избувнувањето на аферата со злоставување на затворениците што предизвика протести и може да влијае врз можностите на партијата на претседателот Саакашвили наспроти опозицијата што ја води милијардерот Иванишвили
Од 150-те пратеници, 77 ќе бидат избрани според пропорционален модел, односно од партиските листи. За „партиските“ места се борат двата коалициски блока и 14 партии, коишто може да освојат мандат во парламентот доколку освојат најмалку 5 отсто од гласовите на избирачите коишто излегле на изборите. Другите 73 пратеници ќе бидат избрани во неоспредно гласање во изборните единици.
Вкупно се пријавени 2.805 кандидати. Според мнозинските избори има исто толку кандидати од партии и еден независен кандидат. За добивање на овие „мнозински“ пратенички мандати, потребно е да се освои 50 отсто плус еден глас од вкупниот број излезени избирачи.
Во Грузија во единствениот избирачки список има 3.613.851 избирач, а изборите ќе бидат валидни доколку излезе најмалку една третина од нив. Ќе се гласа од 8 до 20 часот по локално време, на 3.719 избирачки места во 84 избирачки окрузи, од кои 11 се во отцепните автономни покраини Абхазија и Јужна Осетија.
Во странство ќе бидат отворени 47 избирачки места во 44 градови во 37 дражви во светот. Меѓутоа, на територијата на Русија нема да има отворено избирачко место што значи дека Грузијците коишто живеат на руска територија нема да можат да гласаат на изборите. Ова претседателот на државната изборна комисија Зураб Харатапвили го оправда со „технички проблеми“. Според претходните податоци на грузиското министерство за надворешни работи, во Русија престојуваат 400 илјади грузиски државјани, или повеќе од 10 отсто од вкупното гласачко тело.
Најмногу избирачки места во странство се отворени во Грција – 4, по три во Турција и Украина и по две во САД и во Шпанија. Исто така две избирачки места ќе бидат отворени и во Авганистан за грузиските војници кои се таму во мисијата на ИСАФ.
Видеоснимките од тортурата врз затворениците во затворот во главниот град Тблиси поттикнаа протести и осуда од меѓународната заедница, а владејачката партија ја доведоа во многу чувствителна позиција.
Кампањата на владејачката партија на 44-годишниот грузиски претседател Михаил Саакашвили и неговиот 58-годишен противкандидат Бидзин Иванишвили, беше полна со провокации и агресивност, според оценките на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), којашто ќе ги надлгедува изборите во Грузија.
Двете силни личности се „две големи ега кои сакаат да се победат меѓусебно одбивајќи каков и да е компромис“, оценува Томас де Вол, експерт за Кавказ во американскиот институт Карнеги.
Саакашвили беше миленик на Западот кој дојде на власт со популистичката ткн Револуција на розите во 2004 година, а повторно беше избран во 2008 година, кога неговата партија Национално обединето движење освои 119 од 150 парламентарни места. Меѓутоа, неговиот углед почна да опаѓа со зголемувањето на обвиненијата за авторитарност.
Коалицијата Грузискиот сон што ја предводи Иванишвили го обвинува претседателот за автократија, а Саакашвили ги уверува избирачите дека Иванишвили ќе ја запре модернизацијата на оваа поранешна советска република и ќе ја врати во периодот на корупцијата и анархијата.
Интерсно е што листата на владејачката партија Национално обединето движење ќе ја предводи спикерот на грузискиот парламент Давид Бакардѕе, додека листата на „сонувачите“ ја предводи поранешната фудбалска ѕвезда од италијанскиот Милан, Каха Каладѕе.
Меѓутоа, исто така, интересно е и што самиот Иванишвили не само што самиот не се кандидараше, туку и нема да може да гласа. Имено, веднаш по неговото објавување дека има намера активно да учествува во политичкиот на земјата, нему му беше одземено државјанството на Грузија, со образложение дека тој е истоврмено и државјанин на Франција.
Земјоделието е основната економска активност на оваа кавкаска држава со површина од 69.700 квадратни километри и 4,5 милиони жители, од коишто најголемито дел се Грузијци со рпавославна вероисповед, со малцински Ерменци, Руси, Азери, Грци, Осетијци и Абхазијци.
Невработеноста, којашто изнесува 16 отсто, и сиромаштијата, којашто ја чувствува 10 отсто од населението коешто живеее под границата на сиромаштијата според годишниот извештај на американската разунавачка агенција CIA, беа централни теми на предизборната кампања.
Партијата на Саакашвили водеше во анкетите до избувнивањето на затворскиот скандал, за којашто аналитичарите велат дека не може да се претпостави во која мерка ќе влијае врз изборните резултати.
Така според истражувањето на американскиот Национеле демократски институт (NDI), рејтингот на владејачката партија е речиси пет пати поголем отколку на опозициската коалициај на Иванишвили. За Националното обединето движење според оваа анкета ќе гласаат 47 отсто, додека за Грузиски сон – 10 посто од испитаниците. Опозицискиот телевизиски канал Мaestrо, јави дека во неговата анкета води Грузискиот сон со 48 отсто, додека партијата на Саакашвили има поддршка од 14 отсто од гласачите.
На два дена пред изборите двата големи блока ги одржаа завршните митинзи. Партијата на Саакашвили на централниот стадион во Тбилиси собрала според медиумските извештаи 60 до 70 илјади приврзаници, додека блокто на Иванишвили кој го одржа митингот следниот дена на плоштадот Слобода привлекла меѓу 100 и 150 илјади луѓе.
САД и Европската унија повикаа на одржување слободни и справедливи избори во државата којашто тежнее да стане членка на НАТО и која за таа цел испрати 800 свои војници во составот на меѓународните коалициски сили во Авганистан.
Саакашвили го обвинува Иванишвили дека е „тројански коњ“ и миленик на Русија. Меѓутоа, за мултимилиајрдерот Иванишвили кој е познат како голем љубител на уметнсота и својата куќа ја украсува со дела на најславните светски уметници а палти 95 милиони евра за сликата „Дора Маар со мачка“ на славниот Пабло Пикасо, го сметаат за прозападно ориентиран. Според листата на најбогатите во светот на американскиот магазин Forbes, Иванишвили е 153-ти со имот проценет на пет милијарди доалри. Иванишвили тврди дека со Русија сака да ги поправи прекинатите врски со кусата војна од 2008 година, околу грузиската автономна покраина Јужна Осетија којашто прогласи независност од властите во Тбилиси, инаку населена со проруски ориентираните Осетијци.
Кампањата со остро изразено непријателство ја покажува фрагилноста на гризуската демократија и високиот степен на нетолеранција кон поинаквото мислење, сметаат аналитичарите. Истакнуваат дека изборите се многу важни бидејќи треба да се направи нов Устав на земјата кој ќе ја зајакне улогата на парламентот и на премиерот, а ќе ги намали овластувањата на претседателот кому мандатот му истекува во 2013 година.
Саакашвили дојде на власта откако со Револуцијата на розите го урна од власта поранешнито претседател Едуард Шеварнадѕе, поранешен министер за надворешни работи на Советскиот сојуз./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Професор од Киев: Украина не е подготвена за отстапки
Професорот од Институтот за меѓународни односи Максим Камењецки се јави во живо од Киев на телевизијата Н1, каде што ги опиша тешките услови за живот во украинската престолнина под постојани руски напади и рече дека Украинците не се подготвени да прават отстапки.
И покрај уништената енергетска инфраструктура и екстремно ниските температури, огромното мнозинство граѓани не сакаат да капитулираат.
Камењецки го опиша секојдневниот живот во украинската престолнина. „Доста е тешко да се живее во Киев сега. Целата енергетска инфраструктура од која зависи нормалниот живот е уништена. Во секој даден момент, две третини од градот се без електрична енергија“, рече тој.
„Во мојот дел од градот, кој е најтешко погоден, сме без електрична енергија околу 20 часа на ден, а ја имаме само четири часа. Имаме само ладна вода и слабо греење. Тоа е сè што имаме“, рече Камењецки, додавајќи дека температурите во Киев се околу -20 степени Целзиусови.
„Има снег и е многу ладно. Во мојот стан температурата е околу 16 степени, но во некои е само пет“, додаде тој.
И покрај тешките услови, Каменецки нагласува дека духот на отпорот не е скршен. „Украинците не се подготвени да прават отстапки, што е потврдено со социолошки анкети. Помеѓу 60 и 70 проценти од граѓаните не сакаат Украина да се согласи на капитулација“, нагласи тој.
„Првиот удар врз енергетската инфраструктура се случи на 10 октомври 2022 година. Оттогаш, постојано се бориме да надоместиме за сè што губиме“, рече тој.
Коментирајќи ги руските воздушни напади, Каменецки објасни како се променила нивната тактика. „Русите постојано ги менуваат своите тактики на воздушни напади. Почнаа со беспилотни летала, потоа со балистички ракети, потоа со крстосувачки ракети, а потоа сфатија дека е најдобро да нападнат со сè одеднаш“, рече тој, опишувајќи ја ситуацијата како доста драматична.
Кога го прашаа дали Украина возвраќа, тој одговори потврдно. „Всушност, ова е единствениот начин луѓето во Русија да разберат што е војна и која е нејзината цена. Мислам дека Украина исто така се обидува да ја примени истата тактика – да таргетира цели како руската енергетска инфраструктура“, смета Каменецки.
Тој се осврна и на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Унгарија долго време нема пријателски односи со Украина. Веројатно е тоа историски комплекс што Унгарците го имаат кон сите свои соседи, не само кон нас. Тоа е проблем што се влече од минатото. Орбан го користи овој проблем за да се прикаже пред своите гласачи како заштитник на унгарските интереси, а тоа веројатно му оди во прилог“, рече тој.
Конечно, тој коментираше за преговорите во Абу Даби. „Што се однесува до преговорите во Абу Даби, постигнати се одредени резултати по помали прашања како што е размената на затвореници, но главното прашање за територијата останува нерешено“, заклучи Камењецки.
Европа
Руски дронови погодија станбени згради во Украина, меѓу загинатите мајка и дете
Во нападите со руски беспилотни летала извршени ноќеска загинаа најмалку три лица во источна и јужна Украина, вклучувајќи мајка и нејзиниот 10-годишен син, соопштија во понеделник регионалните власти и обвинителите. Момчето и неговата мајка беа убиени во напад врз станбена зона во градот Боходухив во источниот Харковски регион, соопшти канцеларијата на регионалниот обвинител.
Шест лица се повредени во нападот врз регионот, честа цел на напади во речиси четиригодишната војна што започна со руска инвазија во 2022 година, додаде тој. Во напад со руски беспилотни летала врз јужниот пристанишен град Одеса загина едно лице, а други две беа повредени, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер.
Исто така, оштетена е станбена инфраструктура и гасовод, додаде Кипер на апликацијата за пораки Телеграм.
Девет лица, меѓу кои и 13-годишно девојче, се повредени во напад со беспилотно летало во југоисточниот регион Дњепропетровск, изјави гувернерот Олександр Ханжа. Нападот предизвика пожар во трикатна зграда, уништувајќи го покривот, додаде тој.
Европа
Москва: Полска е вмешана во обидот за атентат врз генералот
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.
Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.
Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.

