Контакт

Европа

Две лица починаа од 'свински грип' во Кина

Објавено пред

Вирусот H1N1 на ткн „свински грип“ е причина за смртта на две жителки на кинеската престолнина Пекинг, откако овој опасен облик на болеста првпат е регистриран во Кина по 2010 година, пишува China Daily.

Според извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести, станува збор за 65-годишна жена која боледувала и од карцином, а починала во петокот, додека втората жртва била 22-годишна фабричка работничка која од периферијата секој ден патувала во Пекинг, а починал на 27-ми декември.

Бројот заболени од грип во Пекинг е на највисокото ниво а најзастапен е вирусот H1N1. Кина последниот период инаку е зафатена од бран ниски температури, а во повеќе области од земјата се забележани рекордно ниски температури во последните 40 години.

Вирусот H1N1 или вирусот на „свинскиот грип“ кој предизвика светска пандемија која во 2009 година започна во Мексико и САД и се прошири по светот. Според официјалните податоци на Светската здравствена организација (СЗО- WHO), бројот починати во светот од таа болест изнесуваше 18.500, а според други истражувања бројот починати од „свинскиот грип“ се проценува меѓу 284 илјади и 579 илјади луѓе./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ватикан: Папата не се чувствува добро, ги откажа официјалните аудиенции

Објавено пред

Папата Френциско, за кого Ватикан вели дека „не се чувствува добро“, ги одложи сите официјални аудиенции, но работи од неговата резиденција. Ватикан не даде детали за неговата здравствена состојба.

На аудиенцијата во средата медиумите известуваат дека папата имал треска, зборувал со засипнат глас и и кашлал на вечерната миса. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека осумдесет и тригодишниот папа ги поздравил насобраните луѓе на утринската миса во параклисот на домот Света Марта, но дека папата не се чувствува добро.

Тој требаше да се сретне со извршните директори на Мајкрософт, ИБМ и други технолошки компании.

Прикажи повеќе...

Европа

Европска комисија: Турција официјално не објави промена на политиката кон бегалците

Објавено пред

Турција официјално не најави промена на политиката кон бегалците во земјата, соопшти денеска Европската комисија, додавајќи дека очекува Анкара да ги исполни обврските што ги презеде за контрола на мигрантските текови.

Турција вети дека ќе ги прекине нерегуларните миграциски текови кон ЕУ и ќе обезбеди подобри услови за бегалците во Турција, во замена за поддршка од овој блок.

„Би сакал да истакнам дека турската страна не објави официјално соопштение за какви било промени во политиката кон барателите на азил, бегалците или мигрантите“, рече портпаролот на извршната власт на ЕУ на брифингот.

„Значи, од наша гледна точка, договорот ЕУ-Турција сè уште важи и очекуваме Турција да ги исполни своите обврски што произлегуваат од тоа. Турските власти официјално потврдија дека нема промена во официјалната политика. Очекуваме дека тоа ќе биде така и понатаму“, рече портпаролот.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Швајцарија забранува јавни собири поради коронавирусот

Објавено пред

Швајцарската влада објави дека ги забранува сите „јавни и приватни“ собири во земјата, како мерка за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мерката ќе стапи на сила веднаш и ќе трае до 15 март, пренесува АП.

Владата соопшти дека мерката се очекува да обезбеди ефикасна заштита на луѓето во Швајцарија и јавното здравство и би требало да го спречи ширењето на вирусот во земјата.

Мерката ќе влијае и на годишниот саем за автомобили во Женева, што се одржува од 5 до 15 март и привлекува десетици илјади посетители секоја година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

ЕК: Турција не соопшти дека ќе ја смени политиката за мигрантите

Европската комисија соопшти дека Турција официјално не ја најавила промената на својата политика кон мигрантите и додава дека очекува Анкара...

Свет8 часа

СЗО го крена нивото на опасност на многу високо и предупреди дека најголем непријател се стравот и шпекулациите

Светската здравствена организација (СЗО) го крена нивото на опасност и ширењето на коронавирусот на глобално ниво на многу високо, но...

Култура9 часа

МНТ и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите

Македонскиот народен театар и Театар „Комедија“ ги откажаа претставите до 6 март по препораката на Владата да се откажат сите...

Македонија11 час

Се откажува карневалот „Прочка“ во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на прес-конференција ја информира јавноста дека, почитувајќи ги препораките од Министерството за здравство и...

Македонија11 час

(Видео) Патникот кој на 22 февруари се вратил од Италија нема коронавирус

По извршените анализи, утврдено е дека патникот, кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека...

Македонија11 час

(Видео) Гаши: Нашата битка не е со СДСМ и Беса, туку ДУИ да замине во опозиција

За лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, коалицијата СДСМ-Беса не е пречка на патот кон освојување на албанскиот електорат. Како што...

Македонија12 часа

Јовановски нуди гаранција од 142 илјади евра за да излезе од притвор

Првообвинетиот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 нуди имот во вредност од 142 илјади евра за да биде...

Македонија13 часа

Владата препорача откажување на сите поголеми јавни собири до 6 март, спортските натпревари да се играат без публика

Во насока на натамошна превенција од коронавирусот, Владата го прифати предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот...

Македонија14 часа

Обвинителството отвори предмет за паднатата фасада на зградата на МЕПСО

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал следејќи ги написите во медиумите за падната фасада на зградата на АД МЕПСО,...

Свет16 часа

Саемот за автомобили во Женева се откажува првпат во 79 години поради коронавирусот

Првпат во 79 години, поради коронавирусот, откажан е саемот за автомобили во Женева, објавија швајцарските медиуми. Голем број други јавни...

Регион17 часа

Во Грција потврден четвртиот случај на коронавирус

Гркинка која неодамна се вратила дома од северна Италија стана четвртиот случај на коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна...

Топ18 часа

Скопјанец украл паричници од факултет и приватна болница, па со картичките пазарел во маркети

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 40-годишен скопјанец кој крадел паричници, а потоа правел трансакции во маркети. Како што јавија од...

Македонија18 часа

Обвинителството нема да покрене постапка за продажбата на МРП-вакцините

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по...

Свет18 часа

Итна седница на НАТО поради нападот на турската војска во Сирија

Членките на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) ќе одржат вонредна седница по повикот на Турција поради нападот врз нејзините сили во Сирија,...

Свет19 часа

Вo Иран 26 лица починаа од коронавирус, порасна и бројот на заразени во Италија

Од епидемијата на коронавирус во Иран починале 26 лица, соопштија властите, додавајќи дека неколку службени лица се заразени од вирусната...

Свет19 часа

Турција повеќе нема да го спречува влезот на сириските бегалци во Европа

Портпаролот на владејачката турска Партија на правда и развој, Омер Челик, изјави дека политиката на Турција кон бегалците ќе остане...

Европа1 ден

Канада веќе нема да ангажира тимови за обезбедување на Меган и Хари

Канада веќе нема да врши безбедносни услуги за британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската влада, откако двојката...

Европа1 ден

Рочиштето за екстрадиција на Асанж во САД одложено за мај

Британскиот суд денеска го одложи разгледувањето на барањето за екстрадиција на Џулијан Асанж за 18 мај, а кого САД го...

Регион1 ден

Вархељи: Имам голема надеж дека преговорите со Скопје и Тирана ќе почнат наредниве недели

Европската Унија би можела да ги отвори пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија за неколку недели бидејќи двете држави...

Европа1 ден

Коронавирусот се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот

Коронавирусот се прошири во 40 земји во светот и заразени има на сите континенти, освен на Антарктикот, пренесува агенцијата „Танјуг“....

Досие