Европа
Јанукович ‘ќе стори сѐ' за да ја приближи Украина на ЕУ
Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави во неделата дека ќе стори сѐ што е во неговата моќ за да го забрза процесот на приближување на земјата кон Европската унија, пренесуваат медиумите повикувајќи се на соопштение од неговата служба за односи со јавноста, додека пратеници од неговата партија се закануваат со напуштање на владејачката Партија на регионите.
„Ќе сторам сѐ што зависи од мене за да го забрзам процесот на приближувањето на Украина на Европската унија“, изјавил Јанукович по повод 22-одишнината од сеукраинскиот референдум на кој повеќе од 9 отсто од избирачите избраа самостојна и независна Украина со што официјално излезе од составот на поранешниот Советски сојуз.
Јанукович и неговата влада се соочуваат со протестите поради одлуката да ги прекината подготовките за потпишување на спогодба за придружување и слободна трговија со ЕУ. На проевропските демонстранти во Киев им се придружија и највисоките раководствата на полски партии.
„На 1-ви декември 191 година се одржа невидена манифестација на директната власт на народот кој покажа дека демократските промени во земјата се неповратни. Украина направи геополитички избор. Ние сме европски народ и нашиот пат е историски одреден. Истовремено, длабоко сум убеден дека нашата држава треба да се интегрира во европската унија како рамноправен партнер кого ќе го почитуваат“, се наведува во писмената изјава на претседателот Јанукович.
Во меѓувреме, според интернет весникот Украинска правда, пратеникот од владејачката Партија на регионите, Виктор Бондар изјавил во неделата дека во понеделник ќе објави дека ја напушта партијата. „Со многу пратеници разговараме за напуштање на пратеничката група“, рекол Бондар. Аналитичарите претпоставуваат дека овојпат, за разлика од пред девет години, Јанукович ќе биде уриван однатре, во парламентот каде што треба да се создаде мнозинство против него, затоа што протестите на улиците не се сѐ уште масовни.
Во меѓувреме, началникот на полицијата на украинската престолнина Киев, си поднесе оставка, откако владата формирање итна комисија за да го испита евентуалното прекумерна употреба на сила во саботата наутро, при што според некои информации биел повредени околу 35 лица, а беа приведени 31 лице кои по евидентирањето за дела „хулигантство“ и „спречување службени лица во вршење на службата“ набрзо беа ослободени.
Началникот на киевската милиција, Валериј Корјак, претходно изјави дека лично дал наредба за дејство на специјалните единици „Беркут“ на Плоштадот на независноста, пренесе украинската агенција УНН. Како што рекол изворот на агенцијата, Корјак самиот решил да поднесе оставка, иако не е завршена истрагата околу настаните. Министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко, пак, изјавил дека оставката за оставката на Корјак ќе биде разговарано откако ќе заврши официјалната истрага./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите објавија снимка: „Ова е дронот со кој ја нападнаа резиденцијата на Путин“
Руската војска денеска повторно ја обвини Украина дека со дронови ја нападнала резиденцијата на претседателот Владимир Путин, објавувајќи видео од беспилотно летало кое наводно е соборено во нападот, што Киев го отфрли како невистинито, а највисокиот дипломат на Европската Унија рече дека е „намерно одвлекување на вниманието“.
Руското Министерство за одбрана објави видео на кое се гледа војник со покриено лице во близина на остатоците од дронот, тврдејќи дека леталото превезувало шест килограми експлозив.
FIRST FOOTAGE OF UKRAINE'S DRONE TARGETED PUTIN'S RESIDENCE
The Russian Defense Ministry publishes flight path of Ukraine's UAVs that took off from Sumy and Chernigov regions pic.twitter.com/VlQA8ZriLg
— Sprinter Press (@SprinterPress) December 31, 2025
Москва го обвини Киев дека користел 91 дрон за напад врз резиденцијата на Путин во Валдај, помеѓу Москва и Санкт Петербург, во понеделник вечерта.
Украина веднаш го негираше ова, нагласувајќи дека нема докази за ова и дека Москва се обидува да го оправда блокирањето на преговорите за прекин на конфликтот.
Шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас, ја обвини Русија дека се обидува да ги саботира мировните напори со овие „неосновани“ обвинувања.
Russia’s claim that Ukraine recently targeted key government sites in Russia is a deliberate distraction. Moscow aims to derail real progress towards peace by Ukraine and its Western partners.
No one should accept unfounded claims from the aggressor who has indiscriminately…
— Kaja Kallas (@kajakallas) December 31, 2025
„Тврдењето на Русија дека Украина неодамна нападнала клучни владини објекти во Русија е намерно одвлекување на вниманието. Москва има за цел да спречи вистински напредок кон мирот од страна на Украина и нејзините западни партнери“, рече таа на платформата Икс.
Европа
Лавров: Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено вчера вечер изјави дека Западот мора да разбере дека Русија има стратешка иницијатива во Украина, додека разговорите за можно решение за ставање крај на војната продолжуваат.
Лавров за новинската агенција РИА изјави дека Западот мора да се помири со реалноста на теренот речиси четири години по почетокот на руската инвазија на Украина, која ја опиша како „Специјална воена операција“.
Тој рече дека Соединетите Американски Држави сега ја поддржуваат идејата, која им стана јасна на сите, дека се потребни нови избори со истекот на мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Лавров, исто така, повтори дека решението бара крај на секоја идеја за присуство на НАТО во Украина и дека земјата мора да прифати неутрален, неврзанички статус.
Европа
Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот
По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот, напиша Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.
„Овој смрдлив киевски гад се обидува да го саботира решавањето на конфликтот“, напиша Медведев во објавата.
The stinking Kiev bastard is trying to derail the settlement of the conflict. He wants war. Well, now at least he’ll have to stay in hiding for the rest of his worthless life.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 29, 2025
Медведев, исто така, напиша дека Зеленски „сака војна“ и дека сега ќе мора да се крие „до крајот на својот безвреден живот“.

