Европа
Јанукович на боледување поради 'акутна респираторна инфекција'

Украинскиот претседател Виктор Јанукович се наоѓа на боледување поради „акутна респираторни инфекции“, објави во четвртокот неговата канцеларија, а истовремено амбасадорот на САД во Киев, Џефри Пајет ги поздрави неговите чекор направени за решавањето на кризата во земјата.
„Претседателот е на боледување поради акутна респираторна инфекција проследена со висока температура“, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Виктор Јанукович.
Тој заминува на боледување, откако ноќта кон четвртокот парламентот на Украина со гласовите на мнозинството од владејачката Партија на регионите го донесе законот за амнестија од кривично гонење на демонстрантите од почетокот на протестите во ноември минатата година. Меѓутоа, законот ќе стапи на сила дури откако радикалните демонстранти и приврзаниците ќе ги ослободат владините згради во центарот на Киев коишто ги заземаа во текот на протестите.
Високата претставничка на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон којашто во средата навечер престојуваше во украинската престолнина Киев, од брифингот со селектиран број медиуми порача да се прекинат насилствата и заплашувањата во Украина, од која и да страна доаѓаат.
Во четвртокот американскиот амбасадор во Украина, Џефри Пајет, изјави во Киев дека САД ги поздравуваат чекорите што ги преземал претседателот на Украина за надминување на политичката криза во земјата. „Сакам, пред сé, да ги поздравам чекорите преземени од страна на претседателот Виктор Јанукович и претставниците на властите да започнат да преговараат со претставниците на опозицијата“, рекол Пајет за време на состанокот на амбасадорите акредитирани во Киев со челниците на министерствата за надворешни работи и за правосудство.
Американскиот амбасадор, исто така, го поздравил усвојувањето во Врховната Рада (парламентот) законот за амнестија на учесниците во протестите. „.Законот за амнестија, кој беше донесен синоќа, ќе ги заштити мирните протестите, колку што разбирам, со него со овозможува да се изведуваат и натаму протести пред административните згради (…) Тоа е многу важно појаснување за сите нас, луѓе коишто ја цениме слободата на изразувањето, слободата на мислењето во Украина“, рекол Пајет./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин